Шеќеринска: Груевски се пазареше за името, а сега си го одглумува Фејсбук-статусот
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2017
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на Фејсбук напиша дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски си го одглумува Фејсбук-статусот и обвини дека тој се пазарел за името на Македонија.
„Сево ова било затоа што тој не сакал да се пазари за името – вели Груевски вечерва додека си го одглумува Фејсбук-статусот. Мало потсетување како тој се пазареше пазарот да го договорат Маноли и Мијалков, врвните дипломати и чесни непазарџии“- напиша на својот Фејсбук-профил Шекеринска.
Таа постираше и видеолинк од една од „бомбите“, во која е снимен разговор помеѓу Антонио Милошоски и Груевски, и од прес-конференција на која Зоран Заев го обвинува експремиерот за продавање и пазарење со името на државата.
Груевски денеска на Фејсбук напиша дека е нападната држава и народот треба да ја одбрани. Како виновник за случувањата во Македонија Груевски го посочи Сорос.