ШЕСТМИНА МЛАДИ ИЗГОРЕА ВО НОЌЕН КЛУБ: Пожар го пеплоса познатиот локал во Мурсија, Шпанија
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2023 12:13
Најмалку шест
лица загинаа, а четворица се повредени во пожар што избувна вораните утрински
часови во ноќен клуб во Мурсија, Шпанија, соопшти градскиот совет.
Повредените се две жени на возраст од 22 и 25 години и двајца мажи на возраст од 41 и 45 години, кои сите биле пренесени во болница поради вдишување чад, се наведува на веб-страницата на итната помош во Мурсија.
„Загрижен сум и многу вознемирен од вестите што доаѓаат од таму. Службите за итни случаи продолжуваат со работа“, објави претседателот на регионот Мурсија на Твитер.
Во моментот на инцидентот биле испратени служби за итни случаи, а локалните пожарникари побарале интервенција со хеликоптер од Генералната дирекција за безбедност и вонредни состојби, соопштија од службите за итни случаи, додавајќи дека копнените ресурси биле доволни за гаснење на пожарот.
„Генералниот директор за безбедност и итни случаи, Рикардо Виљалба, е на лице место и ги координира со Градскиот совет на Мурсија потребните средства за справување со оваа трагедија“, соопштија од службите за итни случаи, пренесува CNN.
„На местото се очекува да пристигне потпретседателот и министер за внатрешни работи, вонредни ситуации и територијално планирање, Хозе Анхел Антело“, додаваат тие.
Во блискиот Паласио де лос Депортес беше формиран информативен простор за роднините на жртвите, каде тим од психолози ќе има задача да пружи помош.
ФОТО: José Ballesta/Twitter
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




