17 Декември, 2025
0.0590

Шкотска е подготвена за независност, но нема решение за валутата!

Објавено во: Свет 15 Септември, 2014 19:54

Добивај вести на Viber

Шкотските лидери водат кампања за независност пред претстојното референдумско изјаснување закажано за 18 септември, но уште никој од нив нема одговор на едно од најважните прашања - која ќе биде националната валута на Шкотска доколку се отцепи од Велика Британија? Шкотскиот премиер и лидер на националистите Алекс Салмонд сака Шкотска во случај на независност да ја задржи британската фунта, но во Лондон сите три најголеми партии јасно порачуваат дека таква монетарна унија не е возможна доколку референдумот за независност успее. Приврзаникот на Унијата и лидер на кампањата „Бодобро е заедно“ Алистер Дарлинг го запраша Салмонд на еден од телевизиските дуели пред референдумот дали има резервен план за шкотската валута. Салмонд во толкава мера се обидувал да го избегне одговорот на ова прашања, што публиката во еден момент го исвиркала со негодување. Во меѓувреме, две големи британски банки, кои се во делумна сопственост на британската Влада - Лојдс и Кралската банка на Шкотска - најавија дека во случај на независност на Шкотска ќе ги префрлат своите активности во Лондон. Шкотскиот министер за финансии Џон Свини оцени дека одлуката на банките е токму последица на одбивањето на Лондон да ја прифати монетарната унија со независна Шкотска. Според експертите, монетарната унија има многу предности, но и недостатоци. Предноста е што при монетарна унија не би имало трошоци во трансакциите. Од друга страна, монетарната унија претставува и ризик, а како пример се наведува кризата на еврото.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави