17 Декември, 2025
0.0561

Шкотска: Лондон не ни нуди ништо ново!

Објавено во: Свет 09 Септември, 2014 19:15

Добивај вести на Viber

Лидерот на шкотските националисти Алекс Салмонд изјави дека во последната понуда од Лондон за пошироки овлстувања за Шкотска, која ја одобрија трите најголеми британски компании, всушност нема ништо ново. Тој вели дека кампањата на унионистите (приврзаници на единството на Велика Британија) се „распаѓа“ во пресрет на референдумот за независност на Шкотска. „Тоа е всушност ново ценкање, во поинакво пакување и со нови рокови за она што го дискутиравме веќе пролетоска“, истакна Салмонд. Тој верува дека кај унионистите се јавува „паника“ затоа што се помали се шансите Шкотите на референдумот закажан за 18-ти септември да заокружат „не“, односно да се изјаснат за останување во рамките на Велика Британија. Последиците од претстојниот референдум во Шкотска е тешко да се согледаат, но она што без сомнение може да се почувствува е јасно чувство на нестабилност и тоа не само во Велика Британија. Британската фунта во претходните неколку дена значително ослабе, што секако е резултат на фактот дека според најновите истражувања на јавното мнение повеќето жители на Шкотска посакуваат осамостојување. Шкотска е дел од Обединетото Кралство од 1707 година, а претходно долго се наоѓаше во персонална унија  со Англија. Освен национал-романтичарските мотиви за отцепување, секако постојат и други. Така, експлоатацијата на нафта во Северното Море, која Норвешка ја претвори во земја на благосостојба, би можела да има слични последици и во Шкотска. Резервите на нафта со кои располага Велика Британија всушност и припаѓаат на Шкотска, а таа за разлика од многубројната Англија (со 53,1 милиони жители) ила само 5,5 милиони жители. Референдумот во Шкотска е прво изјаснување од ваков вид во рамките на Европската унија. Но, без разлика каков ќе биде неговиот исход, последиците веднаш ќе им послужат како показател на други региони кои се стремат кон осамостојување.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави