17 Декември, 2025
0.0404

Шкотска на патот кон независност: судбината во свои раце!

Објавено во: Свет 11 Септември, 2014 08:14

Добивај вести на Viber

На една недела од историскиот референдум за независност од Велика Британија, можноста за обновување на независна Шкотска после 307 години изгледа се пореална. Според последните истражувања на јавното мислење поддржувачите на кампањата Yes Scotland (Да Шкотска) се во блага предност пред опонентите чијшто слоган е Better Together (Подобро е заедно), но се чини дека неодлучните граѓани ќе бидат клучни за исходот.

Во очајнички, можеби последен обид за спас на тривековната Унија, лидерите на најмоќните британски политички партии, Дејвид Камерон, Ед Милибанд и Ник Клег, се обидуваат да го променат се појасното расположение на Шкотланѓаните за независност.     Оваа „тројка“ е со најнизок процент на доверба меѓу шкотските гласачи и оттаму е јасен стравот на унионистите од се поголемата поддршка на независноста. Кралицата Елизабета Втора веќе се изјасни дека нема да зазема став во „внатрешните работи на Шкотска“ и дека единствени кои треба да одлучат за иднината на Шкотска се нејзините граѓани. Прашањето кое ќе биде поставено на 18 септември 2014 година е едноставно: Дали Шкотска треба да биде независна држава? Шкотските граѓани ќе ја имаат судбината на својата држава во свои раце. Тие ќе одлучат дали Шкотска ќе „го растури бракот“ со Англија и ќе тргне по свој, самостоен пат. Клучен аргумент во прилог на независноста е пренесувањето на поголеми права и обврски на Шкотскиот парламент, отколку „слепо“ прифаќање на судбината на Вестминистерските одлуки. Луѓето кои живеат и работат во Шкотска се најповикани да носат одлуки кои ја засегаат Шкотска. Втор, но не помалку значаен аргумент во полза на независноста е економската корист од истата. Шкотска лежи на богати наоѓалишта на нафта кои се наоѓаат на нејзиниот северен архипелаг – Шетландските острови. Независна Шкотска би имала дури 90% од досега заедничката нафта и секако 100% од приходите од што се добива од овој енергетски извор. Во превод, со ова Шкотска би била една од најбогатите држави во Европа, по примерот на Норвешка, чие богатство се темели токму на богатите нафтени наоѓалишта.           Трет аргумент за приврзаниците на независноста е можноста за демократски избор. Сегашното Обединето Кралство почива врз историски недемократски темели, шеф на државата – монарх кој е наследен, членови на Домот на лордови чија „единствена заслуга“ е тоа што се дел од Англиканската црква и влада на Велика Британија за која мнозинството Шкоти традионално гласа против. Културната преродба која ќе следи по добиената независност, во секој случај позитивно ќе се одрази врз целата земја и ќе даде нови идеи и насоки за развојот на шкотското општество. Уште една значајна придобивка за новата Шкотска ќе биде зголеменото присуство на земјата во меѓународните односи, односно постојано членство во ОН, НАТО и Европската унија, како и многу други интернационални организации. Со автономен глас во овие организации, но и со отворање на шкотски амбасади насекаде низ светот, влијанието на Шкотска ќе се зголеми во споредба со досегашната скромна промоција.     Промените во Шкотска се нужни и неопходни. Тие се последица на се поголемата желба за самостојност и независност на шкотските граѓани од Вестминистерскиот парламент. Земјата на средновековниот херој Вилијам Волас, ја има историската шанса да го оствари сонот на генерации Шкотланѓани, да застане своја на своето и да се придружи на семејството на суверени европски држави. Павел ДОНЕСКИ, дипломиран политиколог

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави