Шокантно откритие на Бојмацалиев: Докторот Ацо Трпковски го убиле на друго место, па го ставиле во автомобилот
Објавено во: Македонија 03 Април, 2024 11:29
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во утринската емисија на „Слободен печат“ откри дека матичниот лекар Ацо Трпковски бил убиен на друго место, а потоа безживотното тело било пренесено во неговиот автомобил „киа рио“ во скопска Железара.
Според она што го има како информација Бојмацалиев, местото на кое бил убиен докторот дополнително ќе се утврдува.
„Имаме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради немање доволно докази. Според оние сознанија кои ги имаме, лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено и телото оставено во автомобилот. И натаму не е открен мотивот на убиството“, рече Бојмацалиев за Слободен печат.
За убиството на 67-годишниот доктор беа приведени три лица,но без сериозна основа да бидат притворени.Претходно беше кажано дека Трпковски починал од девет убодни рани и дека мотивот за неговото убиство не е поврзан со професијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




