„Шпаркасе банка“ отвори нова експозитура
Објавено во: Мои пари 07 Април, 2014 16:07
По повод отворањето, Банката им доделува по две гратис карти за следната изведба на претставата „Не се клади на Енглези“ на првите пет лица кои ќе станат корисници на еден од пакетите С или М во новата Експозитура Центар.
Со отворањето на експозитурата официјално беше пуштен во употреба и новиот банкомат кој Банката неодамна го промовираше. Банкоматот во Експозитурата Центар е првиот поставен банкомат од ваков тип, кој ќе им биде достапен на клиентите, а преку кој ќе можат да ги вршат сите функции на една експозитура. Согласно стратегијата за развој на Банката, во наредните три години постепено ќе ги замени постоечките банкомати со новиот тип на банкомати.
Првата трансакција на првиот банкомат со депозитна функција во Македонија ја направи актерот Сашко Коцев, кој како долгогодишен клиент на Банката, пред присутните гости ги демонстрираше единствените можности на овој најсовремен банкомат.
Можеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




