19 Декември, 2025
0.0690

ШПАРКАСЕ БАНКА: ПРВА БАНКА ШТО ЌЕ ИЗДАВА ЦЕЛОСНО РЕЦИКЛИРАЧКИ КАРТИЧКИ

Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2022 15:13

Добивај вести на Viber

Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат минимум 300кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно, или еквивалент на 1.800кг CO2.

Шпаркасе Банка, во склоп на Групацијата Ерсте, е активно фокусирана на постигнување највисок можен степен на одржливост во сите аспекти на бизнисот, со цел максимално да се намали негативното влијание врз климатските промени. Банката ги приоретизира заштитата на животната средина, енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, сметајќи ги за неопходен предуслов за одржлив развој и гаранција за позелена иднина на заедницата.

„Од денешна перспектива успехот на една компанија не се следи примарно преку финансиските резултати, туку каков е импактот на компанијата врз окружувањето, еколошкото влијание и активностите за одржливост пренесени преку своите клиенти и вработени. Одговорниот пристап вклучува грижа за животната средина и приспособувањена деловниот процес за намалување на негативните последици врз околината, затоа што имаме голема обврска да им оставиме зачувани ресурси на располагање на идните генерации.

Одлуката да се произведуваат рециклирачки ЕКО картички претставува симболичен, но значаен чекор во насока на намалување на загадувањето, помагајќи си заедно со нашите клиенти да го намалиме влијанието врз планетата. Дополнително, значително и интензивно ја редуцираме употребата на хартија преку интерна и екстерна дигитализација со воведувањето на OneID – дигитален идентитет и електронски потпис, како и електронска архива“ – изјави Биљана Мишиќ, раководител на службата за картички и дигитални канали.

Шпаркасе Банка и понатаму ќе продолжи да ја поттикнува приказната за зачувување на животната средина, затоа што веруваме дека на тој начин ќе придонесеме кон позитивни промени и позелена иднина за сите.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза