15 Мај, 2024
0.0271

Штедење или олабавувања на ременот – Европа будно ги следи изборите во Германија

Објавено во: Свет 22 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Изборите во Германија се бажни за цела Европа, коментираат аналитичарите тргнувајќи од фактото што станува збор за најголемата економија во Унијата , а во Германија се гласа за прв пат по почетокот на кризата во еврозоната во 2010 година. Како фаворит останува Ангела Меркел и нејзината десничарска партија која управува во периодот 2009-2013. Германија е најголемата европска економија - производство и извоз на моторот на Унијата . Нејзиниот бруто домашен производ (БДП ) во износ од 2,7 трилиони евра е одговорен за околу 30 % од вкупната производна активност во рамките на девизниот блок . Освен овие бројки, Германија доби почит и влијание во Унијата и поради клучната улога во спасувањето на многу од европските земји во последните три години . Ангела Меркел сигурно ја гледаат многу европски граѓани со негативност поради нејзината позиција во однос на мерките за штедење во замена за помош . Сепак токму овие нејзини активности и цврстиот пристап и носат популарност меѓу повеќето Германци , кои ја одобруваат позицијата на Берлин за излезот од кризата . Неодамна Меркел и нејзините коалициони сојузници имаа голема предност во анкетите, но во последните месеци сепак поддршката за слободните демократи нагло се намали. Аналитичарите велат дека во моментов повторување на коалицијата со социјалдемократите од периодот 2005-2009 година е најверојатен исход од изборите денеска. Стабилизирањето на пазарите и излегувањето од рецесијата се несомнено позитивни вести за Унијата, но има голем број предизвици за регионот , кој продолжува да се соочува со " духот на бавниот раст " , рекордната невработеност , стареењето на населението и зголемувањето долговите. Грција има потреба од дополнителна помош , но и Португалија . Германија , се разбира , ќе продолжи да биде главен играч во донесувањето на одлуките за иднината на европскиот одговор на кризата . Сепак премногу мала е веројатноста европолитиката да се промени радикално , ако Меркел продолжи управувањето со слободните демократи, секоај друга промена на коалицискиот формат пак може да има клучно значење за иднината на надворешно-политичките потези на Берлин, посочуваат аналитичарите . Социјалдемократите традиционално имаат помек однос кон политиката на штедење , која е непоколебливо е поддржана од Меркел во последните години . „Моќта и желбата на СДП да предизвика преиспитување на европолитиката на Германија се многу ограничени " , истакна економистот од BNP Paribas Евелин Херман . Невработеноста во Германија е втора најниска во Европа и помогна за постигнување на економски раст од 0,7 % во вториот квартал и покрај 18 месеци долгата рецесија во еврозоната . Истовремено германските берзи достигнаа рекордни нивоа , а очекувањата на бизнисмените се највисоки во последните три години.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците