22 Ноември, 2024
0.0324

ШТЕДЛИВИ МАКЕДОНЦИ: Нашите граѓани лани многу повеќе ставале пари во банка отколку што земале кредити - 418 наспроти 235 милиони евра

Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Македонскиот народ дефинитивно повеќе сака да штеди отколку да се задолжува. Тоа барем го покажуваат податоците на Народна банка на Македонија, кои говорат дека македонските домаќинства во банка на крајот на минатата година чувале вкупно близу 5,7 милијарди евра, или прецизно 5,671 милијарда.

Додека, пак, нашите граѓани вкупно од банките имаат земено кредити на сума од 3,73 милијарди евра, што значи дека многу помалку им должат на банките, отколку што таму чуваат свои заштеди.

Уште еден податок говори колку Македонецот е повеќе склон кон штедење, отколку кон задолжување.

Имено, само во текот на минатата 2023 домаќинствата во земјава ставиле во банките нови штедни влогови на сума од дури 418 милиони евра. Или, ако на крајот на декември 2022 година депозитите на домаќинствата изнесувале 5,253 милијарди евра, на крајот на ланската година тие се на ниво од 5,671 милијарда, или повеќе за 418 милиони евра.

Од друга страна, пак, домаќинствата лани зеле вкупно нови кредити од 235 милиони евра, што е многу помалку од вложените средства во текот на истиот период, односно минатата година.

Кога станува збор за тоа во што најмногу штедат македонските граѓани, заштедите во денари, како што пишувавме и неодамна, врз основа на податоците за ноември, сериозно им се доближуваат на влоговите во евра. Состојбата порано беше многу поинаква во корист на заштедите во странска валута, но како одминува времето, се чини дека македонските граѓани се повеќе ја преферираат домашната валута како опција за штедење, што во голема мерка се должи и на поатрактивните каматни стапки.

Па така, на крајот на декември лани граѓаните во денари штеделе 2,82 милијарди евра, додека влоговте во странска валута се 2,85 милијарди и само за малку им бегаат на денарите. Но, ако се погледне за колку тие пораснале и во декември во однос на претходниот месец, и во декември во однос на декември лани, се гледа дека позитивниот тренд е на страната на денарите. Односно, тие само во декември лани, значи само за еден месец, пораснале за 170 милиони евра, што е огромен месечен раст, додека, пак, во текот на цела претходна година нивното зголемување е за дури 300 милиони евра, или прецизно 297 милиони.

Кај странската валута, пак, месечниот пораст во декември е само 22 милиони евра, додека, пак, годишниот изнесува 120 милиони евра или речиси тројно помалку од порастот кај денарите.

Ако са анализира кредитирањето, пак, може да се забележи дека кај граѓаните и натаму остануваат популарни потрошувачките и станбените кредити, но се повеќе излегуваат од мода кредитните картички и дозволените минуси. Не е ни чудно со оглед што каматните стапки, односно казнените камати кај одредени банки достигнаа 14,3 отсто за овие два вида на кредити.

Да одиме со ред. По основа на потрошувачки кредити на крајот на декември лани нашите граѓани должат 1,95 милијарди евра. Само во декември се создал нов долг по основ на овие кредити од 21 милиони евра, а за цела година 120 милиони.

Станбените кредити, исто како и гладта за станови, не прекинува. Тие достигнале до 1,364 милијарди евра, при што во декември имаат враст од 19 милиони евра, а за цела ланска година 130 милиони.

За разлика од овие два вида на кредитирање, нашиот човек веќе не сака да глави многу на кредитна картичка. По тој основ сега се должат 160 милиони евра, што е помалку за три милиони евра во однос на претходниот месец, и за осум милиони во однос на претходната година.

Кај негатвните салда, пак, вкупниот долг се спушти под 100 милиони евра и сега е 98 милиони, што е месечно намалување за дури 15 милиони евра, а во однос на декември лани се бележи раст од само еден милион.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?