18 Декември, 2025
0.0833

Штипски Исар презеде дополнителни мерки за штедење струја: Нема варење кафе, ниту греење на струја

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2022 16:09

Добивај вести на Viber

Енергетската криза го  загрози работењето на сите јавни претпријатија, чијашто примарна цел е водоснабдување, вели директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков. Штипски „Исар“ веќе неколку месеци штеди, но дополнително се преземени мерки.

-Ние што можеме, што е во наша полза, ќе реагираме за да заштедиме некој минимален дел од електричната енергија, односно минимално да ги намалиме сметките. Направивме еден план: сите грејни тела коишто се на струја ќе ги отстраниме; апаратите коишто користат електрична енергија, како на пр. апарати за кафе, ќе ги отстраниме; ќе се редуцираат канцелариите, односно повеќе луѓе ќе бидат сместени во една канцеларија за да не се троши греење. Исто така сите светилки ќе бидат заменети со штедливи лед – светилки, вели Здравков.

Сепак, според него, тоа е незначително во однос на цената на киловат по час и високите сметки кои допрва им следат. За подолгорочно решение останува планот за фотоволтаици, за кој во тек е и процедура на изработка на студија, но процесот би одзел подолг временски период. Решението кое би се имплементирало сега и веднаш, а кое го бара Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ) е дотации од Владата.

-Решението може да биде дотации, односно субвенционирање на јавните претпријатија до одредена цена. Некои држави во околината веќе го прават тоа, тоа се мали, средни државни претпријатија, рече Здравков.

Сметката за електрична енергија за последниот месец на ЈП „Исар“ е приближно 4.000.000 денари, но следниот месец се очекува да биде двојно повисока. Јавното претпријатие на почетокот на оваа година имаше речиси петпати повисока сметка од сегашната, бидејќи како и многу други имаше раскинат договор со добавувачот на електрична енергија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери