Што го натера Божиновски да штрајкува со глад во затвор?

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016 13:45
Новинарот Зоран Божиновски во затвор пред една недела почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес.
За ова денеска информираше претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Иако од затворската управа го знаеле тоа, не пренеле на неговиот адвокат, ниту на Народниот правобранител.
„Ја повикуваме судијката Сандра Крстиќ веднаш да го укине притворот на колегата Божиновски, а во спротивно неа ќе ја сметаме за одговорна за евентуалните последици што ќе се предизвикаат по здравјето и животот на колегата. Исто така, го повикуваме Народниот правобранител да го посети Божиновски во затвор и навремено да ги предупреди институциите за последиците, ако не постапуваат соодветно на ситуацијата“– вели Селмани.
Според него, случајот со Божиновски е политички процес на власта за да замолчи еден новинар.
Поддршка за ослободување на Божиновски даде и Рикардо Гутиерес, генерален секретар на Европската федерација на новинари (ЕФН). Вели дека го поддржува ЗНМ во барањето Божиновски веднаш да биде ослободен. Додава дека побарале од Кривичниот суд дозвола да го посетат Божиновски, но одговор не добиле.
„Овој случај го пријавивме и во платформата за новинари на Советот на Европа. Досега од Македонија на оваа платформа имаме пријавено случаи за осум новинари врз кои било извршувано заплашување или биле уапсени, што е двојно повеќе од Албанија за која имаме пријавено само четири случаи“- рече Гутиерес.
Македонија на 13 март 2016 година ја потпиша декларацијата за заштита на новинарите и затоа прашуваат што направи власта на ова поле.
Можеби ќе ве интересира
„ДАЛИ СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА НА МВР КОИ БЕА ТАМУ НЕ ГИ ПУШТАА ДЕЦАТА ДА ИЗЛЕЗАТ?“: „Марш на ангелите“ во Кочани, родителите бараат средба со ОЈО ГОК

ИМА ДОСТРЕЛ ДО 17 КИЛОМЕТРИ: „БОРАН“ пристигна во Македонија

МАЈК ЗАФИРОВСКИ ПРЕДВОДЕШЕ АМЕРИКАНЦИ КОИ СЕ НА АЏИЛАК ВО ЗЕМЈАВА: Беа на средба кај Силјановска Давкова

ЗНАМ ПРАВИ ПРЕДИЗБОРИ ПРЕСМЕТКИ: Онаму каде што тие ќе имаат кандидат, ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и нема да има свој кандидат

НАША ТЕМА: Тастатура херои и дигитални тролови - Кои се навистина луѓето што коментираат со отров на социјалните мрежи?

ЈАНЕВСКА ЌЕ ВОВЕДУВА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ: Ќе го дополни човечкиот фактор во образовниот процес

ВОЗЕЛ СО 190 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС! Уапсен возач од тетовско

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

ДОАЃА „ПЕКОЛОТ“: Многу топол бран од Африка, следната седмица температури до 40 степени!
