16 Декември, 2025
0.0730

Што ќе им кажат Димитров и Османи на пратениците

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019 09:42

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се пред пратениците на отчет за недобивањето датум за преговори на земјава со Европската унија. 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, за денеска закажа тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во нашата држава, по Самитот на ЕУ во октомври.

Поканети се сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.

Пратеникот и претседател на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, за Фактор вчера изјави дека Османи и Димитров треба пред пратениците да дадат свое видување за исходот од октомврискиот Самит во Брисел, на кој за земјава не беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Европската унија. 

„Целта е да видиме, по овој исход во Брисел, на кои стојалишта се вицепремиерот и министерот за надворешни работи. Потребно е тие да дадат свое видување на работите, но треба да се слушне и како пратениците во Собранието гледаат на сето ова“, објаснува Груби за Фактор. 

Тој вели дека идејата за оваа тематска седница за евроинтеграциите била негова.

Дали она што се случи во Брисел може да се смета како неуспех за земјава, Груби не се согласува со такво размислување.

„За опозицијата можеби е неуспех недобивањето датум. Но, за нас од власта, тоа не е неуспех на земјава, туку е неуспех на Европската унија. Не можеме да преземеме вина кога ја немаме. Бидејќи, дури и Франција призна дека се исполнети сите реформи, во смисла на донесени закони и исполнување на политички критериуми“, вели Груби. 


Можеби ќе ве интересира

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст