ШТО ЌЕ ПОНУДИ КОМПЛЕКСОТ АЛЕКСАНДРИЈА - еве што открива Александар Стефанов во „Бизнис муабети“ на Фактор
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2024
Сите детали од разговорот на колегата Мишко Иванов со сопственикот на фабриката Карпош АД Скопје и ГИМ мајка фирма, Александар Стефанов, во денешното издание на „Бизнис муабети“ на Фактор.мк.
Стефанов за „Бизнис муабети“ открива колкав приход прави со Карпош, колку вработени има во компанијата, но зборуваше и за недостатокот од работна сила, за што носел работници од Бангладеш.
Креатор на комплексот Александрија во Ѓорче Петров, но и сопственик на компанија која успешно работи и на пазарите надвор од Македонија. Истовремено е и претседател на РК Бутел и главен спонзор со околу 300 илјади евра годишно. Љубител е на убави часовници, скапи автомобили не му се фах.
Погледнето го целиот муабет:
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.