17 Декември, 2025
0.0686

Што мислат кумановци за поставувањето на спомен обележје на KBR?

Објавено во: Македонија 27 Април, 2018 06:35

Добивај вести на Viber

На иницијатива на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски ќе биде побарано од Советот на Општина Куманово да даде согласност за поставување на спомен обележје на американската компанија KBR. 

Oва е во знак на благодарност за понудената работа на кумановци кои во општината донеле над една милијарда евра.

На оваа тема кумановци имаат поделени мислења. Некои ја одобруваат оваа иницијатива, а други се против.

„Треба да се постави споменик, син ми беше, зет ми беше во Авганистан, заработија пари и добро би било. Ја оправдувам оваа идеја, јас сум „за“, во ред е тоа“- вели Верче Георгиевска од Куманово.

Друг средовечен човек вели дека е против, дека е подобро да се вложува во патишта, и да се решаваат виталните проблеми на граѓаните.

„Улиците се полни со дупки, ќе си ги искршат автомобилите луѓето, на плоштадот има  испаднати плочки, на што личи? Споменици не треба веќе да се ставаат. Ниту овде,  ниту во Скопје. Јас сум ја поминал Европа, споменици има, но не како овде, ова е претерано. Од моето семејство никој не бил во Авганистан, и не ни сакам да одат, добро им е овде, сите се ситуирани“- вели кумановецот.

Други пак сметаат дека е добро да има ваков споменик во знак на благодарност кон американската компанија, но да биде поставен на градскиот плоштад за да не биде оштетен на друга локација.

„На плоштад  да се стави сум „за“, а на друго место мислам дека луѓето ќе го уништат. Тоа е добар гест, зошто да не? Имам братучед кој беше во Авганистан и е задоволен. И мене ако ми се пружи прилика би отишла, зошто да не, кој не би сакал?“- рече Елена Алексовска.

Друг нејзин сограѓанин смета дека е добро било што да се направи во градот, но е со став дека навистина треба да се реализира идејата, а не да остане на зборови.

„Сè што ќе се направи за Куманово, сè е добро. Јас се сомневам дека тоа ќе се направи. Не верувам. Младите сакаат или не, мора да одат во Авганистан, инаку што ќе прават овде во Куманово. Секој мора да јаде, да пие, да излезе, а од каде пари ако не му дадат родителите?“ – вели Момчило Димковиќ.

Американската компанија KBR работи како сервис служба за американската војска, а голем број на граѓаните на Куманово работат за оваа компанија во земјите на Блискиот Исток. И градоначалникот претходно работел преку оваа компанија.

Оваа иницијатива не им се допадна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека имало многу позначајни личности за градот кои заслужуваат да имаат спомен-обележје.

Димитриевски пак најави дека во паркот на пријателството ќе има место и за други пријатели на градот. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме