01 Ноември, 2024
0.0255

Што може да изгубиме: Колку патници превезува Виз ер од Македонија

Објавено во: Економија 13 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Нови моменти околу работата на „Виз ер“, во Македонија ја нишаат идната активност на оваа унгарска нискобуџетна компанија во земјава. Инаку станува збор за водечки авиопревозник во Македонија, кој во текот на минатата година превезе 1,2 милиони патници на ниско-буџетните македонски авиолинии. Тоа беше пораст од 20 отсто на годишно ниво. Во таа година всушност с еслучи и своевидна експанзија на „Виз ер“ кога авиокомпанијата ја прошири скопската флота на четири авиони и воведе четири нови авиолинии од главниот град на Македонија до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо.

Според нивните планови за годинава „Виз ер“ требаше да превезе 1,6 милиони патници или да порасне за 23 отсто во однос на 2017 година. Сепак тоа најверојатно нема да се случи со оглед на тоа што, веќе е јасно, компанијата суспендира две дестинации. Како што веќе објавивме „Виз ер“ ја суспендира продажбата на билетите за две дестинации од Македонија, само осум дена откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за избор на авиокомпанија за субвенционирање, а на кој единствен понудувач беше оваа унгарска нискобуџетна компанија. Имено од денеска не може да се закажува лет од Скопје до Барселона, подоцна од 26 октомври годинава и од Охрид до Лондон ако се закажува за после 24 октомври. 

Можеби ќе ве интересира

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување