Што му одговорил Дачиќ на Попоски за изјавата дека се будали што не признале?
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2017
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ знаеше дека дошол во Република Македонија, изјави македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски на денешната прес- конференција одговорајќи на новинарско прашање дали Дачиќ кој присуствуваше на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан во Скопје, знае во која држава дошол.
„Добрa вест е тоа што не е единствениот од Србија кој знае дека доаѓа во Република Македонија. Јас ќе ги поканам сите други наши пријатели од Србија да дојдат и да ја посетат Република Македонија бидејќи има многу што да видат прекрасно“- вели Попоски.
Прашан дали добил објаснување од Дачиќ за неговата изјава дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име и дека во понатамошните мултилатерални односи треба да користи ПЈРМ, Попски кажа дека српскиот министер му одгворил „не различно од она што јавно го кажа“.
„Ние имаме разбирање за тоа дека е
исклучително чувствително прашањето
околу членството на Косово во УНЕСКО“ - додава Попоски.
Верувам дека секој од нас ќе седне и
ќе преиспита кои се чекорите кои не
водат кон подобар регион кои би го
идентификувале како дел од Европа по
природен начин, смета Попоски. Според него, во спротивно ќе
придонесеме за сите оние кои посакуваат
многу подоцна или никогаш да не
можеме да влеземе во ЕУ.
Дачиќ во новогодишното интервју изјави дека во Србија биле „будали“ кога ја признале Македонија под уставното име, како и дека во понатамошните мултилатерални односи ќе го користат акронимот БЈРМ.