Што стои во францускиот предлог за јазикот и за Уставот?
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2022 22:54
За Скопје – јазикот, за Софија – Уставот.
„360 степени“ дојде до т.н. француски предлог за следните чекори во пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија и ѝ го става на увид на македонската јавност. Всушност, станува збор за пакет од неколку документи, од кои два се најсуштествени – предлог-преговарачката рамка и предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за состанокот идната недела.
Првиот впечаток е дека станува збор за сет од документи во кои француското претседателство со ЕУ се обидело да направи баланс меѓу главните барања (црвените линии) на двете страни.
Се предвидува на 23 јуни годинава Советот за општи работи на ЕУ да ја усвои Преговарачката рамка за Северна Македонија и за истиот ден да закаже политичка меѓувладина конференција. Советот на истиот состанок ќе донесе и одлука дека следна меѓувладина конференција за отворање на пристапните преговори ќе се одржи веднаш штом Северна Македонија ја заврши процедурата за промена на Уставот заради внесување на Бугарите во неговата преамбула.
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




