ШТО ВИ ДИШАТ ДЕЦАТА: Граѓаните се кренаа на протест поради загадениот воздух
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024 17:07
Граѓаните попладево протестираат во главниот град против против загадениот воздух и порачаа дека иако властите велат дека овој проблем не се решава за кратко време, сепак поминаа многу години, а тие ништо не направија.
Им забележуваат и на градоначалниците кои велат дека немаат магично стапче за да го решат аерозагадувањето.
Со протестен марш, кој почна пред Министерството за животна средина, попладнево иницијативата „Зелен хуман град“ заедно со други граѓански организации го изразуваат своето незадоволство од алармантното ниво на аерозагадување во Македонија.
„Следен пат треба да маршираме пред амбасадите, затоа што тие повеќе се грижат од нашите избраници“, рекоа на протестот.
Порача дека многу истражувања се направени со странски пари.
Граѓаните извикуваа „Сакаме воздух“, „Убијци“, „Што ви дишат децата?“. Неколку илјади граѓани секоја година умираат како последица на загадениот воздух.
фото принтскрин Тв 21
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




