28 Ноември, 2024
0.0275

Генерали Инвестментс: Што значи намалувањето на рејтингот на САД за пазарите на капитал?

Објавено во: Економија 09 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

Американските државни обврзници остануваат безбедно засолниште на финансиските пазари

По одличниот јули, глобалните берзи изгубија малку динамика. Намалувањето на кредитниот рејтинг на САД од страна на една од трите најголеми агенции за кредитен рејтинг и зголемувањето на бараните приноси на пазарот на обврзници беа главно одговорни за прекинот на позитивната серија.

Меѓу главните причини поради кои рејтинг агенцијата „Фич“ одлучи да го намали рејтингот на американскиот долг од највисокиот ААА на АА+ е растот на јавниот долг и јавниот финансиски дефицит, неизвесните изгледи за економски раст, заострената монетарна политика и влошувањето на стандардите на владеење, каде што претставниците на Fitch беа главно вознемирени од повеќекратните одложувања во преговорите за зголемување на дозволената граница на долгот и неофицијалната инвазија на Капитол од страна на поддржувачите на Трамп во јануари 2021 година. Кога кредитниот рејтинг на САД беше намален од агенцијата S&P во 2011 година американскиот берзански индекс S&P 500 за неколку дена загуби околу 10%, а овој пат реакцијата на пазарите беше многу помалку турбулентна. Постојат неколку причини за тоа да биде така. Во 2011 година агенцијата S&P го намали кредитниот рејтинг на САД за прв пат во историјата, што беше еден вид шок за инвеститорите, кој подоцна се покажа дека е претеран. Исто така, американската економија моментално е во подобра форма отколку пред 12 години, кога економскиот раст штотуку зајакнуваше по Големата финансиска криза, а довербата на инвеститорите, следствено, беше разнишана. Растечкиот јавен долг е навистина проблем, кој ќе треба да се реши порано или подоцна со намалување на јавната потрошувачка или повисоки даноци, но американските државни обврзници сепак остануваат најважното безбедно засолниште на пазарите. Исклучителната ликвидност и длабочина на американските пазари на капитал и статусот на доларот како резервна валута играат поголема улога од кредитните рејтинзи. Ова го истакна и Ворен Бафет минатата недела, кој ја зголеми изложеноста на неговиот конгломерат Беркшир Хатавеј на американски долг, притоа истакнувајќи дека иако не се согласува со се што прави американската влада, нема вистинска алтернатива за доларот и американскиот пазар на државни обврзници.

Пазарот на труд не укажува на рецесија

Бројот на новоотворени работни места во САД во јули беше помал од предвиденото, а пред се помал од она на што бевме навикнати во првите шест месеци од оваа година. Така, американскиот пазар на труд малку се заладува во последниве месеци, но бројките се далеку од тоа да сугерираат дека рецесијата е веднаш зад аголот. Невработеноста останува многу ниска и изнесува 3,5%, а просечната заработка на час порасна за 4,4% на годишно ниво.

Продажбата на iPhone е намалена за 2,4% на годишно ниво

Сезоната на објавување на квартални резултати полека привршува. Меѓу компаниите во рамките на S&P 500 кои веќе објавија, 79% ги надминаа прогнозите на аналитичарите, при што тековните проекции покажуваат дека профитот е за 5,7% помал од вториот квартал од минатата година. Минатата недела резултатите беа претставени од Apple и Amazon. Apple овој пат донекаде ги разочара инвеститорите со полошата продажба на iPhone, што претставува 48% од приходите на компанијата. Сепак, бројот на платени претплатници на дигиталните услуги на Apple надмина милијарда, што е, на пример, речиси пет пати повеќе од бројот на претплатници на Netflix. Акциите на Apple паднаа за околу 5% по објавувањето на резултатите. Од друга страна, Amazon ги импресионираше инвеститорите со подобри бројки во сегментот на cloud computing, одлична онлајн продажба и повисоки профитни маржи.

Темни облаци над имотниот сектор во Велика Британија

Настаните во САД, некои полоши квартални резултати на европските котирани компании и слабите бројки на индексот на менаџери за набавка во производството, се главните виновници што и европските берзански индекси во август тргнаа во минус. Индексот Stoxx 600 изгуби 2,44% на неделно ниво. Инвеститорите се повеќе ги загрижуваат лошите бројки од европската индустрија и производствените активности, кои укажуваат на значително намалување на економските активности во летниот период. Банката на Англија ја зголеми основната каматна стапка од 5% на 5,25%. Зголемените каматни стапки во Велика Британија предизвикуваат повеќе проблеми на пазарот за недвижнини, каде што цените паднаа за 3,8% на годишно ниво во јули, а продажбата на куќи падна за 15% во јуни.

Бараниот принос на 10-годишната државна обврзница на САД е повторно над важното психолошко ниво

Со солидни економски податоци, бараниот принос на 10-годишната државна обврзница на САД по долго време повторно надмина 4%. Интересно, пазарите на обврзници горе-долу не реагираа на веста за намалувањето на американскиот кредитен рејтинг, што потврдува дека одлуката на Фич не влијаела на довербата на инвеститорите.

Кинескиот сектор за недвижности не покажува знаци на закрепнување

Минатата недела не забележавме големи движења на пазарите во развој. Кинеските власти продолжуваат да се обидуваат да го променат трендот на заладување на економската активност со помали интервенции, но секторот на недвижности, како еден од најпогодените, не покажува знаци на оптимизам и закрепнување. Сепак, инвеститорите продолжуваат да веруваат во посилен кинески стимул, што ги прави кинеските акции шпекулативна инвестиција.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

Политиките на централните банки го диктираат пулсот на пазарите на капитал. Инфлацијата брзо паѓа, опаѓа дури и базична инфлација, но побавно отколку што централните банки објавија дека се можни понатамошни зголемувања на каматните стапки. Пазарот на труд е силен и економијата останува на територијата на раст. Мекото приземјување сега стана основно сценарио. Инвеститорите и понатаму очекуваат пресврт во каматната политика, за што централните банки не коментираат и следствено претставува ризик за пазарите. Повеќе насоки за каматната политика во 2024 година може да се очекуваат во август, по состанокот во Џексон Хол. Глобалните, а соодветно на тоа и американските акции остануваат релативно скапи и главно поради тоа остануваме малку повнимателни со инвестициите во акции. Инвестициите во обврзници добиваат на сила во такво опкружување. Неопходно е да се задржи долгорочен пристап со периодично зголемување на инвестициите. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ БрендовиГенерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Американските акции во моментов изгледаат поатрактивни поради зголемениот удел во технолошки акции, но повиците за (пре)скапи технолошки акции стануваат се погласни. Во овој момент, има смисла да се пренасочат дел од средствата од технологијата или американските акции во други инвестиции, вклучително и оние со фиксен приход (обврзници). Поради зголемените очекувања за нов стимулативен пакет од кинеските власти, се зголемува и веројатноста за шпекулативен скок на цените на кинеските акции, но очекувањата за тоа кога и колку значително се разликуваат. За инвеститорите кои сакаат да ризикуваат повеќе, ова може да биде моментот да додадат некои кинески инвестиции во портфолиото, особено преку фондот Генерали БРИК. Но, бидете внимателни да не надминете 10% од портфолиото. Трпеливиот инвеститор треба да продолжи да ги зголемува постојните позиции, како на берзата, така и на пазарот на обврзници.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи