20 Април, 2024
0.0298

СИ ОДАТ ВО БАНКА, ВО ПРОДАВНИЦИ, АПТЕКИ...САМО НА РАБОТА НЕ ОДАТ: Дали некој ги контролира позитивните кои треба да се во изолација?

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Последниве неколку денови значително е зголемен бројот на новите случаи заразени со корона вирусот. Податоците само од последните три дена покажуваат дека во Македонија се регистрирани 1.818 новоинфицирани со Ковид-19. Министерот за здравство, Венко Филипче, уште во текот на викендот посочи дека причина за тоа е новата британска варијанта која многу побрзо се шири, а во текот на вчерашниот ден уште еднаш потврди дека британскиот сој на корона вирусот е присутен во 70 отсто од случаите, врз основа на анализите од приватната клиника „Жан Митрев“. Покритични градови кои претходно ги спомена се Охрид, Прилеп и Кавадарци, но граѓаните на Скопје пак се загрижени, како што велат поради друг проблем, кој според нив придонесува за големо ширење на Ковид-19.

Во редакцијата на Фактор стигнаа поплаки од граѓани кои истакнуваат дека знаат многу свои колеги, пријатели, па и роднини кои во моментов се активни случаи, односно се позитивни на корона вирусот, имаат решенија за изолација, но едноставно не седат дома, како што е утврдено според сите протоколи, туку напротив, слободно си ги вршат сите обврски.

-Решението за изолација поради зараза со Ковид-19, излегува дека го користат само за да не одат на работа, луто велат оние граѓани кои вчера се јавија во редакцијата на Фактор.

-Јас лично познавам најмалку десеттина, што колеги, што пријатели. Си ги носат децата во градинка, си вршат дневни работи, банка, дуќанче, банкомат, допираат храна, си плаќаат сметки во банка, допираат сешто и после некој ќе  рече “не знам кај сум се заразил“. Дали се уште оди некој по домовите да провери дали оние кои имаат решенија за изолација навистина седат дома? Револтирано прашува нашата соговорничка која инсистираше да остане анонимна и не сакаше да ги открие идентитетита на луѓето кои се позитивни и кои имаат решенија за изолација.

Истовремено, друга соговорничка во изјава за Фактор посочи дека е сведок на ситуација во аптека во која заразен со вирусот, без маска, а при тоа со сериозна кашлица, си влегол и побарал да купи вибрамицин капсули.

-Човекот навистина беше во тешка состојба, кашлаше без престан, со назален говор како последица на затнат нос. Аптекарката панично го опомена веднаш да стави маска, но бидејќи ја немаше, само шалот го префрли преку уста и нос и си побара вибрамицин. Бидејќи сум медицинско лице, знам дека во последниот период матичните лекари на болните од корона препишуваат токму вибрамицин. Стоев колку што можев подалеку, но ова е само еден од моментите како се шири вирусот. Оние кои се на домашно лекување, сами си ги набавуваат сите работи, се движат насекаде, па потоа бројките растеле, па секако дека ќе се зголемуваат, вели соговорничката на Фактор.

За ваквиот проблем, Фактор побара одговор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од каде посочија дека по решенијата за изолација одговорни е МВР.

-Контролата на лицата позитивни на SARS Cov-2 или лица на домашна изолација како контакт со лице позитивно на вирусот со решение од ДСЗИ, е во ингеренции на МВР, посочува директорката, д-р. Ирина Бухова.

Исто така, дали редовно се прави проверка на луѓето кои мора да останат во изолација поради инфекција со вирусот, побаравме одговор и од МВР од каде ни нагласија:

-Од страна на Министертвото за внатрешни работи се превземаат во континуитет мерки и активности за контрола на лицата кои се наоѓаат во изолација поради Ковид 19. Против лицата кои не го почитуваат решението за изолација доставено од државниот санитарен и здравствен инспекторат  се поднесуваат пријавиви по член 206 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, за „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Од почнувањето на мерките до денеска 25.02.2021 констатирани се 272 лица кои не ја почитувале мерката и против нив се поднесени соодветни кривични пријави, велат од МВР.

И покрај евидентното ширење на вирусот, здравствените власти уверуваат дека болничките капацитети не се преполнети.

Во Скопје има слободни болнички кревети на Инфективната клиника, без модуларната. Во било кој момент се спремни капацитетите на клиниките пак да бидат ковид центри. Дополнителни мерки дефинитивно е можно да има, но засега не. Гледаме и пратиме дали трендот ќе продолжи вака за да биде ризик да се преоптеретат болничките капацитети, рече вчера Филипче.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам