27 Ноември, 2024
0.0309

СИГУРНИ ЛИ СТЕ ДЕКА САКАТЕ ДА ОДИТЕ ВО МИНУС НА ТЕКОВНА - каматите на банките отидоа до плафон

Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Откако се поскапе, поскапеа и кредитите, односно се кренаа и каматните стапки.

Фактор веќе објави таква анализа со која и илустративно покажуваме колку се зголемиле каматните стапки во последниов период, особено откако инфалцијата почна да зазема драматични размери, што ги принуди и сите централни банки во светот, како и нашата, да ги зголемат своите основни камати, кои, пак, се сигнал до банките дека и тие е најдобро да го следат тој чекор.

Неодамна Фактор, исто така, ја објави и информацијата дека во август, што е последниот месец за кога се обработени податоците, значајно се зголемиле задолжувањата на граѓаните во банките по основ на нивните минуси на тековните сметки. Граѓаните се повеќе посегнуваат по минусите во банка, како начин на преживување во овие тешки времиња на високи цени, но и не толку високи плати за најголем дел од граѓанството. 

Најновите податоци на НБМ говорат дека дека во август сме имале драматичен месечен раст на негативните салда на тековните сметки за дури 13 проценти, односно за тој процент се зголемиле во август во однос на јули, додека, пак, на годишна основа растот е 7 проценти. Изразено во апсолутни бројки тоа говори дека само во август граѓаните наталожиле нов голем долг од дури 13,3 милиони евра во однос на еден месец претходно. Или, на крајот на август, македонскиот народ на банките по основ на минуси на тековна им должел вкупно 115 милиони евра.

А, банкарските минуси, колку и да им помагаат на граѓаните да го преебродат месецот, толку се и екстремно скап начин на задолжување, или, практично, тие се најскапи заедно се кредитните картички.

Каматните стапки на дозволените минуси во моментов ја пробија дури и границата од 13 проценти. Причина за тоа, како што објаснија од централната банка, е што во моментов каматите на дозволените минуси се движат вусшност околу нивото до затезните камати, кои се пресметуваат ако се соберат 7 отсто маргина според Законот за облигациони односи плус 6 отсто колку што во моментов одредува НБМ како референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата. Одлуките за оваа стапка НБМ ги носи на секои шест месеци и во моментов таа изнесува 6 отсто, почнувајќи од први јули оваа година.

Од НБМ неодамна за Фактор објаснија дека висината на договорната камата за одделните кредитни производи на банките е деловна политика на секоја банка и зависи од карактеристиките на производите, нивната покриеност со колатерал, нивната ризичност и сл. Во пракса, вообичаено каматната стапка на негативните салда по платежните сметки и картички, банките ја позиционираат на ниво блиску до нивото на казнената камата, но ова не е обврска која произлегува од закон или некој друг пропис. 

Фактор побара од НБМ статистика за тоа колку низ годините се движеле каматните стапки на дозволените минуси и колку се сега, и тие говорат дека минусите на тековните сметки за нашите граѓани се скапи како никогаш досега.

Најниската камата на минусите била во 2021 година и изнесувала 9,44 отсто, а највисоката досега е август годинава, за кога е и последниот измерен податок, кога била близу 13,1 отсто.

Но, да одиме со ред.

Како стартна основа со која ќе ги правиме споредбите го земеме крајот на 2015 година, и можеме да видиме дека на тој датум каматите на минусите биле на ниво од 11,28 проценти. Екстремно висока камата ако се има предвид дека тогаш беше далеку повисока и основната камата на централната банка. Потоа, на крајот на 2016 година, каматите на минусите практично се доближуваат до 12 отсто или прецизно биле на нивото од 11,84 проценти. А, само за илустрација во тој период основната камата на НБМ беше 3,75 отсто, по што почна континуирано да оди надолу, се до 2021 година, кога инфлацијата почна да го напаѓа светот и земјава со сета своја силина, а што ги принуди монетарните власти да посегнат по зголемување на своите референтни каматни стапки.

И, кога зборуваме за каматите на минусите, веќе на крајот на 2017 можеме да забележиме нивно благо олабавување, односно тие доаѓаат на ниво од 11,34 проценти, тренд кој исто така срамежливо продолжува и во 2018 година, носејќи ги каматите на дозволените пречекорувања на тековните сметки на ниво од ниво од 11,1 отсто. Намалувањето продолжило и во 2019 година, па на нејзиниот крај каматите на минусите дошле до 10,36 проценти.

И, веќе 2020 година може да се смета за „победничка“ во делот на каматите на минусите, бидејќи се спушта под 10 проценти, односно на ниво од 9,61 отсто, а додека пак, доживува и ново намалување во 2021 година, сведувајќи се на крајот на таа година на 9,44 проценти. Тоа е всушност најниското ниво што го имале каматните стапки на минусите на тековните, иако треба да се каже дека камата од 9,44 проценти воопшто не е ниска. Притоа треба да се спомене и дека 2021 година е годината кога била достигната најниската основна камата од НБМ, и таа изнесувала 1,25 отсто, по што, поради инфлацијата, почнува да оди по нагорна линија.

И, исто како што од таа година фантастично почнуваат да растат основните каматни стапки, истото тоа се случува и со другите камати, но и со каматите на минусите. Па така, на крајот на 2022 година каматната стапка на дозволените пречекорувања достигнува 9,94 отсто, сеуште држејќи се под „десетката“, односно во едноцифрени граници.

И, веќе во јануари годинава имаме фантастичен скок на каматите, искачувајќи се за еден месец за близу два процентни поени и достигнувајќи 11,79 отсто, а позиционирајќи се на 11,85 отсто во јуни годинава. 

Веќе во јули, кога настануваат и промени согласно законите, доаѓаме до еден „непримерен“ скок на каматите на минусите, каде тие опасно се доближуваат до 13-ката и достигнуваат 12,97 отсто, а веќе во август ја пробиваат и психолошката граница од 13 отсто и се позиционираат на нивото од 13,08 проценти.

Фактор, заедно со каматите на дозволените минуси, го објавува и движењето на каматните стапки на кредитните картички.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот