07 Октомври, 2024
0.2655

dm испрати силна порака и инспирираше: Сила и енергија – тоа сме ние жените!

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Да се биде жена е мултидимензионално патување, проследено со многу единствени искуства и предизвици. Затоа, dm изминатите три месеци ги обои во лилаково и ја подигна свеста за женското здравје!

„Се грижиме една за друга“ – звучи едноставно, но има големо значење. Под овој слоган,почетокот на месец јуни dm го одбележа со широката иницијатива за подигнување на свеста за женското здравје. Фокусот беше на физичкото, менталното и емотивното здравје на жените. Покрај тоа, обрнаа внимание и на социјалните фактори кои се посебно релевантни за здравјето на жените, како и на детабуизација и дестигматизација на менструацијата и поттикнување на менструалната правда во земјава.

Во соработка со стручни лица од повеќе области, како што се дерматолози, гинеколози, нутриционисти, психолози и други професионалци, обработија теми поврзани за женскиот циклус и здравјето на жените од сите возрасти. Широкиот спектар на теми започнувајќи од физичко здравје и исхрана, нега и заштита на кожата, ментално, социјално и менструално здравје, е фокусиран на охрабрување на жените да се грижат за себе и да развијат себе-љубов.

{ЗАЕДНО} едни за други – конкурс за проекти од областа на женското здравје
Во рамките на кампањата за подигнување на свеста за женското здравје, втора година по ред, dm распиша конкурс за пријава на проекти за унапредување и зачувување на менструалното и репродуктивното здравје на жените, кои ќе ги поддржи со речиси 2.5 милиони денари. Конкурсот беше отворен од 10 јуни до 4 август 2024 година и беше упатен до сите здруженија, установи, единици на локална самоуправа и непрофитни организации (здруженија и фондации). Преку овој инспиративен конкурс, целта е да се обезбеди платформа за жените да истражуваат и да стекнат знаење за различни теми поврзани со здравјето, додека се негува чувството на заедница и поддршка.

Превенцијата е половина здравје – одржани 5 бесплатни дерматолошки прегледи
Еден од најдобрите начини за превенција на кожни заболувања е едукацијата и стекнувањето на добри и здрави навики. Затоа, втора година по ред, dm организираше 5 бесплатни дерматолошки прегледи на 3 различни локации, каде сите посетители можеа бесплатно да се прегледаат и да добијат совети за нега и заштита на кожата од стручниот тим на дерматолози. Направени беа речиси 550 дерматолошки прегледи, а според статистиките на прегледани, 30% биле упатени на подетални испитувања заради специфичноста на утврдените промени на кожата и бенките, додека пак 20% од биле упатени на хируршко отстранување на бенки. Кај повеќе од дваесетина прегледани се забележани специфични промени, кои заради сомнеж од меланом се упатени на задолжителни понатамошни детални испитувања.

dmPodcast „Женски ритам“
Следејќи ги актуелните трендови, dm на 12 јули го лансираше својот сопствен поткаст, кој, како што кажува и неговото име ,,Женски ритам“ го следи ритамот на различните аспекти на здравјето на жените – од секојдневните ментални и физички предизвици, до менструалното и социјалното здравје. Низ сите  4 епизоди со вас е модераторот Ана Јовковска, а секоја епизода е проследена со дискусија со интересни и стручни лица од областа на спортот, културата и здравјето. Епизодите може да ги погледнете на YouTube каналот на dm.

Оваа кампања е само еден од многуте чекори што dm ги презема за да го поддржи здравјето на граѓаните и активно да придонесе за нивниот подобар живот. Да им се придружиме сите и заедно да работиме кон подигнување на свеста за женското здравје! 

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми