СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2025 18:50
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите во соопштението на политичката партија Демократската унија за интеграција објавено на 18 февруари 2025 година, според кои Претседателката на државата не упатила честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.
Велат дека во согласност со дипломатската пракса, претседателката Сиљановска-Давкова на 17 февруари 2025 година, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, упати писмо-честитка до нејзиниот хомолог, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.
„За кабинетот е неприфатливо што ДУИ преку пласирањето на лажни и непроверени информации и извлекување на неосновани констатации, се обидува да го наруши угледот и кредибилитетот на претседателката Сиљановска-Давкова. Потврда дека не станува збор за дипломатски превид, а уште помалку за поткопување на добрососедството е и прифаќањето на поканата од страна на претседателката Сиљановска-Давкова за присуство на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, што вечерва го приредува косовската Амбасада. За кабинетот е неприфатливо што ДУИ преку пласирањето на лажни и непроверени информации и извлекување на неосновани констатации, се обидува да го наруши угледот и кредибилитетот на претседателката Сиљановска-Давкова“, велат од Кабинетот.
Додаваат дека не станува збор за дипломатски превид, а уште помалку за поткопување на добрососедството е и прифаќањето на поканата од страна на претседателката Сиљановска-Давкова за присуство на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, што вечерва го приредува косовската Амбасада.
ДУИ претходно обвини дека никој не честитал 17 години независност на Косово.
фото Фејсбук/Кабинет на претседател
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




