15 Октомври, 2024
0.0269

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Ќе трагаме по компромисот без никој да се чувствува повреден и да мисли дека е заборавен

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Maкедонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со бугарскиот колега Румен Радев во Софија изјави дека ќе трагаат по компромис, без никој да се чувствува навреден. 

„Се обединивме околу најважното – европската интеграција, околу Копенхагенските критериуми, околу регионалниот пристап кон решавање на проблемите, околу тоа дека нема да ги повториме грешките на Бугарија и ќе трагаме по компромисот и единственото решение, без никој да се чувствува повреден и без никој да мисли дека е заборавен“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа рече дека на средбата се разговарало и за промената на македонскиот Устав со внесување на Бугарите, што е услов за почнување на преговорите за членство во ЕУ по ветото на Бугарија.

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија не зависи од мене. Да сум апсолутен монарх, можам да кажам ќе го сменам Уставот. Пратениците ги претставуваат граѓаните кои гласаат по сопствено уверување. Јас не можам да ја суспендирам парламентарната демократија, но разговаравме за сите прашања. Велам разговаравме. Ние не може да донесеме решение кое ќе го наметнеме“, рече Сиљановска-Давкова. 

Таа верува дека оваа средба ќе вроди со плод. 

„Не можам да кажам дека тоа ќе се случи утре, но важно е да се започне. Сигурна сум дека, како што честопати велам, мислата може да биде побрза од светлината. Ако се слушаме, се почитуваме и имаме волја да се разбереме, тогаш решението е на дофат“, рече претседателката. 

На средбата, таа го поканила Радев да ја посети Македонија, тој ја прифатил поканата, но не е прецизиран термин.

Таа во Софија замина за да го проследи гостувањето на македонската Национална опера и балет (НОБ), која вечерва ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди. Ова гостување е дел од договорот за соработка потпишан во ноември 2023 година меѓу националните опери на двете држави, а следува по настапот на Софиската опера и балет на годинашните „Мајски оперски вечери“ со Вагнеровата опера „Валкира“.

Фото: Кабинет на Претседателка на РСМ

Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЦАТА КОИ ПУКАА ВО ЧАИР - од четворица, двајца се затвореници од Идризово, кои користеле излез

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЦАТА КОИ ПУКАА ВО ЧАИР - од четворица, двајца се затвореници од Идризово, кои користеле излез

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење

ВОНРЕДНА КОНТРОЛА: АХВ затвори 13 игротеки

ВОНРЕДНА КОНТРОЛА: АХВ затвори 13 игротеки

СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

БЕЗ ЈАСНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИТЕ, И БЕЗ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ: ревизорите со бројни забелешки за Министерство за култура

БЕЗ ЈАСНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИТЕ, И БЕЗ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ: ревизорите со бројни забелешки за Министерство за култура

„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

Затвореник пукал во Чаир, застрелал во нога припадник на групата Грчец

Затвореник пукал во Чаир, застрелал во нога припадник на групата Грчец

ПОМАЛКУ СОЛ, ШЕЌЕР, КОНЗЕРВАНСИ, ВЕШТАЧКИ АДИТИВИ: Како да направиме поздрава зимница?

ПОМАЛКУ СОЛ, ШЕЌЕР, КОНЗЕРВАНСИ, ВЕШТАЧКИ АДИТИВИ: Како да направиме поздрава зимница?