Силјановска: Мојот татко се бореше за Република Македонија а не за Северна
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019 15:42
Опозицијата во Струга ја одржува Конвенцијата на која ќе се бира претседателски кандидат со кој ВМРО ДПМНЕ ќе трча на изборите а токму од таму се обрати и професорката Гордана Силјановска .
Таа пред присутните кажа дека претседателските избори не треба да се бојкотираат туку дека токму тие се можност да се делегитимира власта.
Силјановска дел од своето претствување отстапи и на последното актуелно прашање.
Таа кажа дека нејзиниот татко се борел за Република Македонија а не за Северна.
„Секоја нација има право на самоопределување а сегашната наша географија е резултат на анексиите. Идентитетот е во придавката и тоа мораме да го потенцираме“ , посочи Силјановска.
Професорката кажа и дека и смета тоа што Македонија има повеќе министерства од Швајцарија и дека тоа мора да се промени, односно да се намали ројот на министерствата и на заменичките места.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




