17 Декември, 2025
0.2624

Симпозиум за електроника и електротехника – ИСЕФ 2013

Објавено во: Економија 12 Септември, 2013 12:23

Добивај вести на Viber

Повеќе од 170 експерти, професори, врвни научни работници од образовни институти и истражувачки центри од 30 земји од целиот свет, меѓу кои од Јапонија, Кина, Бразил, Јужна Кореја и речиси сите држави на ЕУ, учествуваат на 16-тиот Меѓународен симпозиум за електромагнетни полиња во мехатроника, електроника и електротехника – ИСЕФ 2013 што од денеска се одржува во Охрид.

Во текот на трите работни дена на конференцијата ќе се разработуваат напредни техники за пресметка на магнетни полиња, електромагнетните полиња во електрични машини, трансформатори и апарати, електромагнетизмот во материјали, електромегнетните појави во електроенергетски системи, оптимизација и компјутерски поддржано проектирање на електроенергетски уреди, сензори, биоелектромагнетизам и негативни електромагнетни влијанија, примена на електромагнетни полиња во биомедицинско инженерство, симулација и примена на електромагнетни полиња во нано структури и електромагнетна компатибилност.

Како што појасни копреседавачот на симпозиумот, професорот Гога Цветковски, темите ги разработуваат различните аспекти на употребата и употребата на магнетните полиња во најразлични области. Тие преставуваат основна преокупација на голем број на истражувачи и истражувачки тимови во целиот свет кои работат на развојот на нови техники и технологии за оптимално проектирање, како и моделирање и анализа на магнетните полиња во различни научни области.

- Едната е во работењето и искористувањето на електричните мотори и машини, нивна оптимизација и проектирање во насока на подобрување на нивната ефикасност, преку визуелизација на магнетното поле за да може да се направи поефикасен производ. Потоа во областа на медицината, апликацијата на електромагнетните полиња, како од аспект на заштита на луѓето од електромагнетните зрачења, така и во нивно искористување за лекување пациенти. Електромагнетните полиња се изучуваат и во преносот на електричната енергија, нивното влијание врз околната средина и односната проблематика. Сега мошне актулена е темата на микро и нано-технологиите, малите актуатори кои вршат разни функции. Она што е важно дека со пресметката на електромагнените полиња како истите се однесуват и реагираат во тие микро средини, рече меѓу другото Цветкоски.

Тој потсети дека првиот предуслов да се добие организацијата на ваков собир е државата да има одреден тим експерти во односната проблематика, со врвни познавања и солидни резултати во нивната научна работа.

- Чест и задоволство претставува тоа што можеме да бидеме организатори на оваа конференција, секако тоа претставуава и признание на работата на нашите експерти од односната област: Но, дополнително бенифитот од тоа што самата конференција се одржува тука е тоа што со релативно мали трошоци нашите експерти ќе можат да бидат дел од врвната научна фела во светски рамки, притоа искористувајќи ја можноста за размена на искуства и знаења, да воспостават нови релации со можност за идна научна соработка и учество во заеднички меѓународни проекти, додаде Цветковски.

Претставниците на домашните фирмите и македонската индустрија ќе имаат можност од прва рака да се запознаат со современите текови на науката и со најновите достигнувања во споменатите области со можност некои од нив и да ги применат во своите работни средини.

Организатори на Конференцијата се Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот за мехатроника и информациски системи при Техничкиот универзитет од Лоѓ, Полска. Конференцијата е под покровителство на Министерството за образование и наука на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите и општината Охрид.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи