Синдикатите, решение за кризата на нееднаквоста
Објавено во: Свет 22 Февруари, 2013
Во говорот со кој го започна својот втор мандат претседателот Обама рече дека Америка не може да успее како нација доколку продолжи да го носи товарот на нееднаквоста. Овој проблем е веројатно еден од најтешките кои претседателот ќе се обиде да ги реши за време на неговиот последен мандат. Секако не е проблем што побогатите стануваат побогати, дури не е ни проблем што разликите се зголемуваат, зајакот лежи во тоа што сиромашните осиромашуваат, а богатите продолжуваат да се богатат.
Резултатите од последните истражувања се поразителни. Економијата покажува подобрувања, продуктивноста се зголемува, а берзата е повторно на врвот....но, погледнете што говори овој податок: Во време кога кризата удираше со полна сила од 2009-2011 реалните плати на најбогатите 1% од населението пораснале за скоро 9%, додека на 90% од населението платите паднале за 1,2%. Значи гапот никако да се намали и уште пострашно, истиот се зголемува благодарение на падот на приходите на сиромашните, а не на поголемиот раст на богатите. Сепак ниту богатите не може да бидат среќни за ваквата ситуација. Кога Обама зборувал дека Америка не може да успее во вака поставена распределба за богаство можеби и мислел на нешто друго...размислите вака: Дали богатите може да стануваат побогати а сиромашните посиромашни цело време. Некој мора да троши и да ги купува производите кои големите корпорации ги прават. Американската економија е потрошувачки настроена.70% од целата економија се базира на потрошувачката. Значи ако куповната моќ на потрошувачите паѓа, па во крајна линија богатите нема од каде да стануваат побогати. Згора на сето ова бројот на работни места кои се платени со минималци кои се под она што се смета за сиромаштија е се поголем и е во пораст. Се чини дека богатите ќе мора да брцнат во ќесето и да почнат повеќе да трошат и тоа во активности кои ќе ја направат економијата уште попрудуктивна и пообразована. Заговорникот на слободниот пазар Милтон Фридман дури вели дека богатите секогаш вишокот од своите пари ќе го пласираат во проекти кои ќе го подобрат фукционирањето на општеството. Интересен е и еден друг предлог, а тоа е враќањето на синдикатите. Само 6,6% од работниците се членови на некој синдикат. Уништувањето на синдикатите е можеби една од главните причини за овој пад на приходите на работниците во САД. Причина за ова е намалувањето на класичното индустриско производство кое полека се враќа во САД, но со многу повеќе технологија која бара се помал број на вработени. Исто така мобилноста на работната сила и слободното движење на капиталот им овозможи на компаниите да селат дел од производтвото надвор, онаму каде нема синдикати да им дишат над глава. Тоа се главните причини за ваквиот драстичен пад на синдикатите. Но, од друга страна во супер конкуретната Германија 20% од работниците се во синдикат, додека во соседната Канада 28%, а на нивните економиии им оди сосема солидно. Заклучокот е дека и кога има синдикатите економиите може да фукционираат сосема коретно. Не е лошо некогаш да се брцне и во џебот на работодавецот. Големите компании во САД мора да сфатат дека без потрошувачката на малите луѓе, тие никогаш нема да може да ги прават големите милијарди. Волмарт на пример нема синдикат. Компанијата е најголем работодавач во САД и заработува 16 милијарди долари. Замислете две милијарди да одат за зголемени плати. Мултипликаторот можеби ќе биде уште поголем кога посиромашните ќе имаат повеќе за трошење. Редакција Фактор* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.