„СИНОЌА СКОПЈАНИ ВИДОА ЗОШТО БИЛО ОСТАВЕНО ЃУБРЕТО“: СДСМ вели Орце си правел ПР трикови
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 10:11
Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо, наведува СДСМ во соопштение по повод генералката што синоќа ја организираше Орце Ѓорѓиевски.
„ Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот.
Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ништо не се преземало со месеци, само за Орце Ѓорѓиевски да прави ПР трикови, циркус спектакли со дронови и камери.
Ова е срамен однос и потценување на сопствените граѓани.
Додека светот и регионот напредуваат со вештачка интелигенција, додека нашите соседи праќаат сателити во орбитата, ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски не доведоа на тоа дереџе, на намерни блокади за да се прави ПР.
Скопје и скојани не заслужуваат ваков потценувачки однос туку чист, модерен и организиран град, со систем кој функционира, а не трикови за ПР употреба“, велат од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




