Синот на Есма Реџепова ја демантира кражбата
Објавено во: Македонија 22 Април, 2018 19:58
Симеон Атанасов, штитеникот на легендарната Есма Реџепова – Теодосиевска, за кого одредени медиуми денес објавија дека бил приведен поради сомнение дека тој ја извршил кражбата во домот на Есма, заедно со Елеонора Мустафовска, вокалистката во ,,Есма’с бенд’’ за ,,Фокус’’ откри дека се работи за лага.
Тој тврди дека ниту бил приведен, ниту пак имал клучеви од куќата на уметницата која се наоѓа на Кале, а според тестаментот, таа му ја оставила на Минстерството за култура. Тестаментот набргу по неговата објава, го оспорија блиски роднини на Реџепова, односно внуци од нејзните браќа и сестри и најавија дека ќе водат спор со државата, бидејќи куќата требало да им припадне нив. Симеон вели дека Есма оставила два тестаменти. Првиот се однесувал на куќата, а вториот на нејзините авторски права.
-Не ми треба ниту куќата, ниту пак било што од внатрешноста на куќата. Јас сум наследник на авторските права и тоа ми е сосема доволно. Сакам да го сочувам добриот спомен на Есма, и благодарен сум и што ми помогна во животот, што со нејзина и помош на Стево Теодосиевски јас си го пронајдов патот и до денес се занимавам со музика. Таа ми даде доволно мене, и на сите останати деца кои ги одгледа, и затоа ги демантирам сите пишувања и гласини дека сум извршил било каква кражба и сум присвоил нелегално било што од нејзината куќа – ни изјави Симеон, кој со децении беше и менаџер на кралицата на Ромската песна.
Исто така тој го покажал тестаментот составен во 2014 година, според кој Есма му ги остава авторските права, со цел јавноста да дознае дека тој веќе добил доволно, и не му требале никакви други материјални богатства од жената која што го одгледала.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




