08 Октомври, 2024
0.0245

„СИРОМАШИТЕ НЕКА ЈАДАТ КОРНФЛЕКС ЗА ВЕЧЕРА“: Нивната цена била попристапна

Објавено во: Свет 29 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Шефот на Келог е на удар на критики поради неговиот коментар дека сиромашните луѓе треба да јадат корнфлекс и житарки за вечера за да заштедат пари. Извршниот директор Гери Пилник ги кажа овие коментари додека ги опишуваше напорите на компанијата да привлече клиенти со пониски приходи, пишува Sky News.

Оваа изјава се случи за време на маркетиншка кампања и рекламна промоција со слоганот: „Дајте и на кокошката слободна ноќ“.

- Потрошувачите се под голем финансиски притисок. Поради оваа причина, ние рекламираме житарки за вечера. Ако размислите за цената на житариците за едно семејство во споредба со нешто друго што може да се јаде, житариците се многу попристапни, изјави Пилник за Си-Ен-Ен.

- Генерално, категоријата житарки е место до кое многу луѓе би можеле да стигнат, бидејќи цената на чинија житарки со млеко и овошје е помала од еден долар. Па можете да замислите зошто потрошувачите кои се под финансиски притисок можат да видат дека ова е добро место за нив - продолжи Пилник.

На прашањето дали ваквата порака може да се добие погрешно, господинот Пилник одговори дека компанијата не мисли така.

- Се покажа дека повеќе од 25 проценти од потрошувачката на житарки надвор од појадокот е всушност вечера. Житариците и корнфлексот за вечера се нешто што е веројатно повеќе во тренд сега и би очекувале да продолжи бидејќи овие потрошувачи се под финансиски притисок - додаде Пилник.

Оваа маркетинг кампања доаѓа во време кога инфлацијата е сè уште висока во многу западни земји, особено кога станува збор за намирници, и покрај намалувањето на стапката во последните месеци.

Мерката за инфлација на индексот на потрошувачки цени (CPI) минатиот месец изнесуваше 4 отсто во Обединетото Кралство и 3,1 отсто во САД.

Интервјуто со господинот Пилник наиде на бура од негативни коментари по емитувањето. Некои критичари дури повикуваат на бојкот на брендот Келог.

Меѓу оние кои ја осудија изјавата беше и демократскиот сенатор Питер Велч, кој рече:

- Работник во Келог кој заработува 20 долари на час ќе мора да работи 96 години за да се изедначи со годишната заработка на г. Пилник од 4 милиони долари годишно.

Некои од коментаторите јасно ја изразија својата одбивност од коментарите на г-дин Пилкин и маркетиншката кампања за која веруваат дека е насочена кон работничката класа.

– Луѓето не треба да јадат житарки и корнфлекс за вечера, туку корпорациите да престанат да ги крадат – беше еден од коментарите.


Можеби ќе ве интересира

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени