„СИТЕ СМЕ ЈАНА“: Протест во Битола по смртта на девојчето, болницата ја очекува Комисијата од МЗ
Објавено во: Македонија 28 Март, 2023 12:09
Клиничката
болница Битола секој момент очекува да стигне Комисијата од Министерството за
здравство, откако беше направен увид и од страна на инспекторите од Државниот
санитарен и здравствен инспекторат од каде што информираа дека нема грешки во
лекувањето. Директорот на оваа здравствена установа, д-р Александар
Обедниковски за Фактор потврди дека можно е денеска да пристигне Комисијата
која што ја формираше министерот за здравство, Фатмир Меџити, која има за цел
да направи дополнителен увид, сосема независно од инспекцијата на ДСЗИ.
-Во однос на причините за смртта на девојчето нема ништо официјално се додека не се добијат резултатите од обдукцијата. А тоа ќе потрае бидејќи самата процедура, самите испитувања не може побрзо да се завршат. Законски е 21 ден, потоа треба да располагаме со официјални податоци, вели директорот Обедниковски.
Во меѓувреме, во Битола се организира протест за смртта на шестгодишната Јана, со цел да се укаже на состојбите во македонското здравство, вината да не се насочува кон родителите, туку одговорноста да се бара на вистинското место.
Протестот ќе се одржи утре вечер во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола под мотото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“.
Повикот за протест е објавен на Фејсбук, а во статусот на Игор Петковски е наведено:
Низ времињата наназад сум водел многу заеднички битки со вас драги браќа и сестри битолчани, НО ова ми е најтешка,најемотивна и неопишливо жална и болна....
Битката за барање #ПравдаЗаЈана која однапред знаеме дека институционално ја губиме не претставува битка на која треба да застанеме и да го кажеме добро познатото тридецениско "ТОА Е"
Туку да се ОБЕДИНИМЕ,да се видиме сите Среда 29.03 на плоштад Магнолија во 19:00 часот, да кажиме ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, дека нашиот кренат глас е наше ПРАВО,тоа е наша појдовна точка од која треба ЈАСНО И ГЛАСНО да кажеме ДОСТА Е!
ДОСТА Е од прерано заминатете чеда!
ДОСТА Е од негрижата!
ДОСТА Е од нефункционалноста на медицински апарати!
ДОСТА Е од редиците и безредието!
ДОСТА Е од третманот-МОЈ ЧОВЕК!
ДОСТА Е од плати па ДОБИЈ!
ДОСТА Е од нестручноста!
ДОСТА Е од меѓусебните нарушени меѓучовечки односи и неколегијалноста!
ДОСТА Е од партизацијата!
ДОСТА Е од лошите услови!
ДОСТА Е од нехигиената!
ДОСТА Е од силеџискиот и немил однос спрема пациентите!
ДОСТА Е од префрлање на вината кон пациентите!
СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА КАЖАНО:
ДОСТА Е ОД КОПЛЕТНО НЕФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ЗДРАСТВЕНИОТ СИСТЕМ!!!
БАРАМЕ:
1.ПРАВДА ЗА ЈАНА-ВЕДНАШ!
2.ОСТАВКИ-ВЕДНАШ!
3.РЕФОРМИ-ВЕДНАШ!
Јана почина минатата недела само четири часа откако била примена на Детското одделение во Клиничката болница Битола. За причините за смртта засега само се шпекулира.
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




