СЈО поднесе жалба за укинување на притворот на битолскиот градоначалник
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2016
Специјалното јавно обвинителство до Апелациониот суд Скопје поднесе жалба по однос на решението со кое е одбиен предлогот за продолжување на притворот за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој е осомничениот во случајот „Транспортер“.
„Во жалбата укажавме на суштествени повреди на Законот за кривичната постапка, односно на тоа дека при донесување на одлуката со која е одбиен предлогот на ова Обвинителство по однос на мерката притвор, учествувал судија кој морало да се изземе бидејќи веќе еднаш одлучувал во истиот предмет“ - стои во соопштението од СЈО.
По однос на решението на Врховниот суд Скопје, со кое е укинат притворот за Талески и е заменет со мерка на претпазливост, СЈО нема право на жалба.
Апелациониот суд вчера ја уважи жалбата на одбраната на Талески и не му го продолжи куќниот притвор. Тој мора да се јавува секој работен понеделник и петок кај овластено службено лице во Основениот суд во Битола.
Талески е осомничен за злоупотреба на пари за превоз на ученици поточно за 360.000 евра.