СЈО предупредува дека влијание врз сведоци е кривично дело
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2017
Специјалното јавно обвинителство укажува дека секое влијание врз сведоци е кривично дело а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка.
СЈО се огради од сите политички шпекулации и потенцираат дека секоја службена должност јавните обвинители во ова Јавно обвинителство ја вршат согласно законот во насока на утврдување на вистината во постапките кои се водат.
СЈО соопштува дека е повредена истражната постапка, а денеска пред СВР Охрид се одржуваат протести.
Членови на партијата ВМРО ДПМНЕ денеска во Охрид излегоа на протести обвинувајќи го СЈО за селективна правда.