СКАНДАЛОТ СО ДОКУМЕНТИТЕ ГО КРЕНА НАРОДОТ НА НОЗЕ: На социјалните мрежи се споделува повик за протест
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2024
На социјалните мрежи веќе се споделува повик за протест заради скандалот кој произлезе од Преспанскиот договор, а кој на граѓаните им создаде обврска не само да менуваат документи, туку и сега да не смеат да ги користат возачките дозволи кои го немаат новото име на државата.
Денес во 18 часот и 18 минути, се организира протест насловен „Шах мат за Македонија“.
„Денес е денот на последната и најважна борба за Македонија!!!
Дојдете да им покажеме црвен картон и да им дадеме шах Мат на предавниците!!!
Македонија е жива!!!“ пишува во повикот.
Еден од организаторите во одговор на граѓаните истакна дека планирано да се створи критична маса од Македонци подготвени на се и протестот да трае се додека не победи народот или не не уништат. Ова не е од протестите на некој партии од 18 до 19 ч. Од денес се брани Македонија додека не ја одбраниме или не ја изгубиме. Планирано е да не се затвораат улици туку блокираат институции. Нашата борба е чиста и доблесна“ напиша еден од организаторите на фејсбук.