16 Декември, 2025
0.0475

(СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО) Негувателка бездушно малтретира старица болна од деменција

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2021 10:42

Добивај вести на Viber

Шест месеци затвор ќе добие 29 годишна негувателка од Британија.

Британската полиција на својот Твитер објави вознемирувачка снимка која прикажува злоставување на дементна старица заради токму од страна на негувателката. 

Како што пренесува Индекс.хр, 29-годишната Џени Деди требала да се грижи за 69-годишната Лиз Јангс, но видео-снимката од надзорната камера открила дека наместо тоа, таа ја влечела за коса, ја влечела за нос и и буткала прсти во лице и во уста.

За време на летото во 2019 година, ќерката на жената од снимката, Корина Канингам, која живеела со неа во куќата во Норфолк, започнала да забележува мали повреди како модрици на својата мајка.

Заради сето тоа била уклучена камера која целото време била во собата и тоа на видливо место. Полицијата објаснила дека фамилијата сакала да ја сподели снимката од Лиз Јангс јавно, за случајот да не излезе од фокус откако Деди била притворена.

Како што пишува Дејли Меил, за време на една посета на старицата, Деди со себе носела и куче кое ја изгребало старицата, предизвикувајќи длабоки посекотини на нејзините нозе.

Деди, како што се пишува понатаму, ја присилувала старицата да јаде и вербално и физички ја злоставувала. На снимката се гледа како ја влече за коса и како и бутка прсти во лице.

Во една прилика таа ја оставила старицата гола речиси цели 30 минути, со мокра коса и само со пешкир преку колената.

Фамилијата на Лиз Јангс ја видела снимката во ноември 2019 година и веднаш им било јасно дека старицата била злоставувана, после што се вмешала и полицијата.

Деди признала погрешно постапување и занемарување на лице на кое му е потребно посебна нега и осудена е на шест месеци затвор.

„Знаеме дека објавата на оваа снимка предизвика силни реакции, целосно разбираме дека е тешко да се гледа. Го размисливме тоа пред да ја објавиме. Фамилијата на госпоѓата Лиз сакаше така за да се спречат слични случаи“, известиле од полицијата.

Погледнете го видеото.

Извор. Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави