Скокнаа цените во Грција – дали за македонските граѓани ќе остане топ дестинација?
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2022
Има поскапувања во Грција, земја каде сезоната ќе почне на 1 март, како што најавија тамошните власти, но граѓаните веќе се интересираат за аранжмани кај јужниот сосед.
Веројатно, новите повисоки цени нема да ги одвратат македонските граѓани од летување во оваа земја. Освен за Грција, интерес има и за одмор во Албанија.
„Би сакала да одговорам за која дестинација надвор од државата има најголем интерес, тоа секако се Албанија и Грција. Точно е дека оваа година на глобално ниво се повисоки цените на туристичките услуги, особено кај нашиот западен и јужен сосед, но и покрај тоа веќе има заинтересираност за истите кај нашите патници. Со оглед на неизвесноста во ова време би вовеле еден нов почеток и нормален тек на активностите во туристичкиот сектор за вршење на оваа дејност, бидејќи за жал се соочивме со големи потешкотии кои ни оставија последица во туризмот. Ги следиме и мерките и насоките и свесни сме за важноста на информирањето за моменталната состојба во туризмот, особено сега кога сме на прагот на пролетната и летната туристичка сезона која не може да ја опише радоста на туристите за туристичките аранжмани“, вели Ивона Софијанова Милосављевиќ, директорот на ТА Камелија Турс, која воедно е дел од Кабинетот за Туризам при СКЕМ.
Таа се надева дека по долгиот период на застој, туризмот ќе се нормализира.
„Кога говориме за туризмот во услови кога се уште сме во пандемија, но со надеж за излез од неа и враќање во нормала во 2022 година ќе ни треба еден нов почеток и нормален тек на активностите во туристичкиот сектор за откривање на нови дестинации како incoming / outgoing туризам. Но, пополека се наближуваме кон крајот на пандемијата, како што увидуваме повеќе европски земји ги укинаа Ковид-19 мерките, како и сертификатите и се доближуваме до посакуваната нормала пред пандемијата и во оваа насока веќе граѓаните на РСМ почнуваат да ги бараат постоечките дестинации како што се Грција, Албанија, Хургада, Турција и Египет. За подалечните дестинации, за жал побарувачката е драстично намалена. Во делот на incoming, веќе се најавени првите групи на странски туристи кои започнуваат од 01.04.2022 и веќе се направени резервации за нашиот бисер на Балканот-Охрид. Тоа се туристи од Турција, Велика Британија, САД и Австралија и други“, вели Софијанова Милосављевиќ.
Грција ги зголеми цените, а поскапувањето се должи на цените на енергенсите. Така, во просек сместувањето во апартмани во Грција е поскапо за 15 отсто, а во хотелите за 20 отсто. Зголемени се цените за кафе, лежалки, гиро. Грција е земја чија економија пак зависи од туризмот. Во 2019 година, Грција ја посетиле 948.000 македонски државјани, покажаа податоците кои ги објави Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси. Во вкупниот дојдовен туризам во Грција, Македонија тогаш беше на 27-то место.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.