Скопјани и кумановци утрово дишат најзагаден воздух
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2017
Скопјани и кумановци утрово дишат најзагаден воздух, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Многу високо загаден е воздухот во Гази Баба, Центар, Лисиче, Карпош, Ректорат, Миладиновци и Куманово.
Средно загаден утрово е воздухот во Кавадарци, Велес и Тетово.
Многу ниско загадени се Кичево, Кочани, Лазарополе, Битола.
Според мерењата, кај Ректорат има 407 мг ПМ10 честички на метар кубен, Карпош 374, Гази Баба 323, Миладиновци 319, Куманово 296 и Лисиче 286.
Максималната граница пропишана со Европската Унија е 50 мг на метар кубен, што значи дека македонските градови неколку кратно ги надминуваат овие граници.