05 Декември, 2025
0.0266

Скопјани сакаат кино! За услугите на „Синеплекс“ лани платиле 2 милиони евра!

Објавено во: Анализа 23 Јуни, 2025 13:43

Добивај вести на Viber

Два милиони евра посетителите на „Синеплекс“ лани платиле за да уживаат во омилената забава – гледаање филмови и посета на настани во единственото современо скопско кино „Синеплекс“. И покрај големата популарност и високите приходи, оваа компанија лани завршила со минимална загуба

„Синеплекс“ е единствената компанија во Скопје која нуди кино услуга по меѓународни стандарди. И скопјани го сакаат, но и сите други посетители на скопскиот трговски центар „Сити Мол“, еден од двата најголеми трговски центри во главниот град на Македонија.

Синеплекс МКД ДОО е скопска компанија во која доминантен сопственик е „Синеплекс Интернационал“ ГМБХ (поседува 96% од уделите), покажуваат официјални и јавно достапни податоци. Станува збор за меѓународна компанија со седиште во Австрија која има искуство од 40 години во кино индустријата. Со свои филијали оваа компанија освен во Македонија е присутна и во Црна Гора, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Романија и во Грција. Во своето портфолио оваа компанија има повеќе од 300 кино сали ширум регионот. „Синеплекс“ во Скопје работи од 22 ноември 2012 година.

Минатата година скопски „Синеплекс“ од услугите што ги нуди оствари приход во вкупна вредност од 2 милиони евра приходи. Во споредба со претходната година неговиот приход е помал за само 5 отсто. Друштвото 2024 година ја завршило со загуба од 81.500 евра. Во 2023 година друштвото завршило со добивка од 31.500 евра.

„Синеплекс“ вработува дваесетина лица, а според официјални јавно достапни податоци просечната нето плата лани изнесувала над 50.000 денари.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?