18 Декември, 2025
0.0591

„СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО“: Ѓорѓиевски со порака до граѓаните

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2025 22:46

Добивај вести на Viber

Новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се обрати до гласачите преку неговиот фејсбук профил.
Скопје е ослободено!

Вечерва, не победив само јас.

Победивте вие. Скопје победи!

Победи идејата дека овој град може да стане место на достоинство, ред и иднина.

Победи народот кој реши да се спротивстави на неправдата, нашиот горд народ кој никогаш не се откажува!

Вечерва ја славиме победата на духот над безнадежноста,

на храброста, на народот над оние што го потценуваа, кој сега ги пративме во историјата.

Но вечерва, исто така, нашата борба не завршува тука. Само што почнува.

Влегуваме во ново време, време на работа и на дела, не на изговори.

Ние нема да застанеме додека секој човек не се чувствува горд што живее во своето Скопје.

Секоја улица, секој плоштад, секој дом во овој град бара работа, ред и правда.

И токму тоа ќе му го дадеме.

Ќе се борам. Ќе се бориме. Секој ден, со сета сила.

Ќе се борам против небрежноста, против хаосот, безредието и рамнодушноста која му ја оставија на овој град.

Ќе се борам за секое дете што заслужува подобра иднина, за секој човек што бара достоинство.

Им благодарам на сите кои стоеја со мене - моето семејство на кое многу му должам, мојот тим и сите вие!

Најмногу благодарам на Премиерот Христијан Мицкоски, мојот најсилен столб!

Ви се поклонувам!

И ќе завршам со една моќна мисла на големиот Винстон Черчил:

,,Историјата ќе биде наклонета кон нас, затоа што јас имам намера да ја напишеме”

Да живее Скопје!

Да живее идејата дека најдоброто допрва доаѓа!“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери