Скопје меѓу петте градови што Британски Телеграф ги препорачува да се посетат!
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2015
Европските градови кои никогаш не помисливте да ги посетите - а би требало. Вака британски Телеграф ја започнува приказната во која своето место го најде и нашата метропола Скопје.
Опишувајќи го со една реченица, се доловува вистинскиот раскош кој Скопје го поседува и заслужува да се најде во европските градови кои треба да се посетат.
„Со неговите големи амами, улиците од калдрма и отворените пазари, Скопје е различен од другите источно европски градови, според Сара Еванс. Нискобуџетниот авиопревозник Визер нуди директни летови од Лондон, се наведува во текстот под фотографијата на која се гледа „Мостот на уметноста“.- вака Телеграф накратко го опиша нашето Скопје.
Ако обожавате да патувате, тогаш во животот барем еднасш, според препораки на овој медиуми би требало да ги посетите и Бергамо (Италија), Виторија-Гастеиз (Шпанија), Тавира (Португалија), Осјек (Хрватска), Умеа (Шведска), Тревизо (Италија), Тбилиси (Грузија), Нан (Франција) и други.
Овде може да прочитате подетално за сите европски градови кои се најдоа на листата на Британски Телеграф.