СКОПЈЕ ВРИЕ ОД КОВИД: 96 новозаразени само денеска во главниот град, во ГОБ „8 Септември“ повторно најтешките пациенти
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2020
Алармантно се
зголемува бројот на новозараени во Скопје. Денеска бројот на новозаразени е
дури 96, а во четири општини има повеќе од 100 актиовни позитивни: На врвот е
Аеродром со 141, па Центар со 127 позитивни, Карпош 111, Гази Баба – 100 и Кисела Вода со 95 активни случаи на
корона вирусот.
Во болниците ширум земјава се хоспитализирани вкупно 374 пациенти и тоа на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, таму има вкупно 77 пациенти, од кои кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. Таму повторно се примаат најтешките случаи позитивни на вирусот, па а респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.