Скопски и Солунски саем ќе се „побратимуваат“
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2018 08:31
Нови можности за компаниите од Македонија и Грција ќе отвори новиот Меморандум за разбирање меѓу Скопски саем и Солунски саем кој треба да биде потпишан наскоро.
Со оваа соработка ќе се отвори простор да се претстават во другата земја на сите редовни саемски манифестации кои се организираат односно компании од земјава ќе можат да изложуваат на која било саемска манифестација која ќе ја организира Солунскиот саем.
Од Скопски саем велат дека оваа соработка се развива во рамки на ЦЕФА ( Централно европската саемска алијанса) која постои од 1995 година, а чии членки се и Скопски саем и Солунски саем.
Нови пазари
Меморандумот за соработка ќе се потпише многу брзо, само по утврдување на сите детали. Потписот најверојатно ќе биде ставен во Скопје, а по тоа двете куќи ќе разменуваат простор за претставување на фирми на сите редовни саемски манифестации. Од Скопски саем велат дека ова е добра можност за македонските фирми кои сакаат да се шират и да ја продлабочуваат соработката со партнери од Грција и од други земји, но и да освојуваат нови пазари.

Од Солунскиот саем велат дека двете саемски институции имаат добра соработка со години и дека сега дополнително ќе се продлабочува.
Добрата бизнис релација меѓу нашите две саемски институции датира од многу одамна.

На големите саеми во Минхен, Виена, Софија
Вакви слични меморандуми за соработка Скопски саем очекува да потпише и со други саемски куќи кои се дел од ЦЕФА. Иако и на ниво на алијансата имаат соработка, на ваков начин, можностите за фирмите се поголеми оти тие директно ќе можат да учествуваат на саемите кои се организираат и во поголемите градови. Станува збор за саемски манифестации на кои се собираат многу изложувачи и ги гледаат посетители од целиот свет. Суштина на продлабочувањето на соработката всушност е отстапување на простор на фирми од други земји со кои има договор. Скопски саем засега нема свои простории за изложување, но оттаму велат дека очекуваат наскоро овој проблем да се реши.
Инаку во ЦЕФА има 26 членки со 23 саемски простори во 17 држави. Тие во просек годишно имаат околу 420 настани, околу 135 илјади изложувачи, повеќе од девет милиони посетители и обрт од околу 500 милиони евра. Сите саемски компании кои се дел од Алијансата се фокусираат да соработуваат повеќе во маркетингот, да споделуваат искуства, одржуваат заеднички обуки. Користа за учесниците е што ќе имаат ефикасен пристап до меѓународните пазари, ќе ги разгранат регионалните пазари, но ќе имаат и поголеми продажни потенцијали.
Меѓу членките на ЦЕФА се и саемските куќи кои изложуваат во Белград, Будимпешта, Грац, Љубљана, но и во Минхен, Софија, Тирана, Виена.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




