18 Декември, 2025
0.0746

Скопски населби и приградски села ќе полнат вода од цистерни, голем дефект на цевка во Кисела Вода

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2022 11:34

Добивај вести на Viber

Скопските населби Драчево, Пинтија и Усје останаа без вода за пиење откако во текот на вчерашниот ден на улица Борис Трајковски бб, во Општина Кисела Вода, настана дефект на водоводна цевка со профил Ф600.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека екипи веднаш пристапиле кон санирање на истиот, а граѓаните кои живеат во тој регион, обезбедени се 2 цистерни со питка вода и уште 2 цистерни со техничка вода. 
„При санацијата на дефектот, беа откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат на сложеноста на теренот каде се работи и видот на дефектите, санацијата продолжи во текот на целата вечер и денешниот ден. Во моментот екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје го санираат четвртиот дефект и ќе останат на терен, се до целосно отстранување на истиот“, информираат од „Водовод“.

По две цистерни со питка и техничка вода ќе има во Усје 09-10 часот Пинтија 10-11 часот Батинци 11-12 часот с.Драчево 12-13 часот н.Драчево 13-14 часот, н.Драчево 09-10 часот с.Драчево 10-11 часот с.Д.Лисиче 11-12 часот с.Студеничани 12-13 часот с.Морани 13-14часот 
„Цистерни ќе циркулираат низ населените места каде има прекин на водоснабдувањето и за задоволување на потребите на училиштата и градинките. Покрај дадениот распоред, дополнително цистерните ќе продолжат да ротираат во текот на целиот ден, се до нормализирање на водоснабдувањето“, додаваат од комуналното претпријатие и велат дека екипите работат интензивно за дефектот да биде саниран во најкраток можен рок.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вели дека се работи за голем дефект ф-600 кој ги остави без водоснабдување жителите на Драчево, Пинтија, Усје и други населени места и вели дека има разбирање за револтот на граѓаните.

„За жал, во секојдневието се случуваат и вакви непосакувани ситуации кои го нарушуваат мирот на граѓаните. Екипите на Водовод и канализација од Скопје интензивно работат со цел да се пушти повторно водоснабдувањето во овој дел од општината, а ќе продолжат и во текот на ноќта и се надеваме дека во најкус можен рок сето ова ќе стане минато.
Јас пред сѐ како жител на Кисела Вода потполно го разбирам оправданиот револт на граѓаните, затоа што водата е најпотребниот ресурс за секојдневните активности, а потоа како градоначалник - силно притискам овој дефект да биде саниран што поскоро! Ќе бидам тука и постојано во контакт со екипите на Водовод и канализација, а за сите потреби или информации на моите сограѓани стојам на располагање во било кое време“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери