17 Декември, 2025
0.0499

Славчо Попоски најавува температури до 40 степени

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2022 17:41

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски најавува дека деновиве ќе имаме температури до 40 степени. 

Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а ќе биде и многу топло

„Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат 35 степени, односно во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат дури и до околу 40 степени“, вели Попоски. 

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 30 и 35 степени.

УВ – Индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа  граѓаните треба да се заштитат од лошото влијание на сонцето во текот на следните денови и да пијат што повеќе течности.

Можеби ќе ве интересира

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина