Славчо Попоски вели дека топлиот бран продолжува, но ќе има услови за попладневно и вечерно невреме
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2022 15:43
Метеорологот Славчо Попоски вели дека топлиот бран продолжува, но ќе има услови за попладневно и вечерно невреме.
Под влијание на многу топла воздушна маса од Африка, уште подолг период времето во Македонија ќе се задржи многу топло и сончево со мала локална облачност и со екстремно висок Ув – индекс кој ќе изнесува коефициент некаде околу 10.
„Сепак во попладневните и во вечерните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на краткотрајно невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и од поголем пречник. Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени“, вели Попоски.
Поради екстремно високата вредност на Ув – индексот, тој препорачува да се заштитите од лошото влијание на сонцето, како и да пиете што повеќе течности. Исто така старите и изнемоштени лица да не излегуваат во најтоплиот дел од денот. Многу топлиот бран барем според моменталните анализи ќе се задржи дури до 10 јули.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




