СЛЕДНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ВО СЕПТЕМВРИ: Годинава ќе достигнат раст од 25 проценти
Објавено во: Финансии 23 Јуни, 2023
Премиерот Димитар Ковачевски, на својот Фејсбук профил најави ново покачување на пензиите од септември.
Како што истакна тој, на состанокот со претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски и потпретседателот Миле Андоновски, зборувале за политиките и мерките на Владата за пензионерите, за предлозите и прашањата што се од нивен интерес.
„ Како одговорна Влада, подеднакво се грижиме за заштита на стандардот на сите граѓани. Со новата методологија на усогласување на пензиите обезбедивме да има континуиран раст на пензиите. Со последното усогласување во март пензијата се покачи за 8,4%, а усогласување ќе има повторно и во септември, со што пензиите за една календарска година ќе достигнат раст од 25%“ напиша Ковачевски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.