19 Декември, 2025
0.2964

Сменете ја лозинката на ebay сајтот веднаш!

Објавено во: Мои пари 21 Мај, 2014 21:20

Добивај вести на Viber

Ако некогаш, макар и еднаш до сега, сте купувале преку ebay сајтот време е за итна промена на лозинката, бидејќи сајтот е хакиран. „Пробиена“ е заштитата во базата на податоци и иако според официјалните извори на ebay не се украдени финансиските податоци и немало насилни кражби во налозите, „log in“ детали кои се под енкрипција, се наоѓаат во рацете на хакерите. Овие податоци лесно можат да се дешифрираат дури и некои од јавно достапните алатки за „разбивање“ на енкрипцијата.

 Поради тоа, според извештаите на The Verge, ebay бара од сите 112 милиони свои корисници итно да ги заменат лозинките веднаш! Според првите извештаи нападот на базата на податоци се случил помеѓу средината на февруари и почетокот на март оваа година, кога хакерите дошле до „log in“ податоците на еден од вработените во ebay, кој работел на базите. PayPal податоците не се вклучени во кражбата, бидејќи тие се држат во посебни сервери со поголемо ниво на енкрипција на податоци. Компанијата, чие седиште се наоѓа во Калифорнија, има околу 112 милиони активни корисници, а минатата година на нејзините страници е направена продажба во износ од околку 212 милијарди долари.  

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година