17 Декември, 2025
0.0605

„Сметководителот од Аушвиц“ откри страшни детали за логорите на смртта

Објавено во: Свет 21 Април, 2015 19:22

Добивај вести на Viber

Денес започна судењето на телохранителот од логорот Аушвиц, познат уште како„Сметководителот од Аушвиц“. Оскар Гронинген е обвинет за соучество за 300 000 смртни случаи во концентрациониот логор и го следат 15 години затвор.

Гронинген е еден од ретките поранешни членови на нацистичките SS служби, кој се уште е жив. Тој никогаш не криел дека работел во Аушвиц и со детали раскажува за службата таму. Иако во моментов неговите адвокати му забраниле да дава интервјуа, во судот денес Оскар Гронинген призна дека е виновен. „За мене нема сомнение дека носам морална вина за тоа што се случило. Молам за прошка“, изјави тој пред судот, сведоците и медиумите.

Во обид да го укинат случајот адвокатите на Гронинген истакнаа дека нема како тој да биде обвинет, бидејќи нема докази дека извршил конкретно кривично дело, додека бил на служба. Досега пропаднале неколку слични случаи против чувари на логорите на смртта, токму затоа што нема докази да извршиле кривично дело.

Обвинението се повикува на единствениот преседан за слично дело, тоа против Џон Деманджук - исто поранешен стражар во Аушвиц. Тогаш пред судот беше истакнат фактот дека независно од недостатокот на докази за вистински нелегални активности, Деманджук работел на место, чија единствена цел била да убива луѓе.

Оскар Гронинген, во моментов е во поодмината возраст од 93 години, работел во Аушвиц како сметководител, но не во традиционална смисла на зборот. Негова задача била да ги брои парите кои се собирале од новодојдените затвореници и да ги подредува според различните европски валути. Исто така има работено и друга, доста гадна функција - онаа на чувар, кој ги претресувал новодојдените затвореници и ги прибирал сите скапоцености и пари.

Гронинген, за разлика од другите поранешни нацисти, никогаш не демантираше и не криел што се случило во Аушвиц и другите логори на смртта. На луѓето кои негираат дека што и да е од овие настани е точно, тој одговара: „Јас видов сè. Ги видов гасните комори, видов кремирање, видов и како селектирани следните кои ќе бидат убиени“. Гронинген повеќепати раскажувал за злосторствата кои се случиле пред неговите очи, како еден од најпознатите застрашувачки за него останува убиството на мало бебе.

Во периодот од 1940 до 1945 година загинаа околу 1.1 милиони луѓе во логорот Аушвиц-Биркенау.

Случајот против Оскар Гронинген ќе трае до 29 јули.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави