17 Декември, 2025
0.0593

Смртта на стотици луѓе во Средоземното Море ја засрами Европа

Објавено во: Свет 20 Април, 2015 20:54

Добивај вести на Viber

Стотици лица ги загубија своите животи крај Лампедуза: едвај 28 лица од превртениот се брод со над 700 либиски бегалци се спасени. Европа треба конечно да погледне во очите на вистината за својата бегалска политика, пишува Јоханес Бек.

Што уште треба да се случи, за да ја промени ЕУ миграциската и бегалска политика? Уште колку жртви се потребни за да се активираат европските политичари? Колку уште животи треба  да загинат биде и да жалат со ужас и официјални сочувства, па Брисел конечно да реагира?

Токму силно задолжената Италија покажа како Европа би требало да реагира на ваквите трагедии: по несреќата крај Лампедуза во октомври 2013-та земјата започна спасувачката мисија "Маре нострум", потрага и спасување на насукани, бродови на пат од Северна Африка кон ветената земја Европа.

Со оваа мисија Италија веројатно спасила од давење стотици илјади бегалци, додека другите европски држави не сакаа да преземат барем дел од трошоците во висина од 108 милиони евра годишно. На местото на "Маре нострум" се појави операција "Тритон" на Европската агенција за гранична контрола "Фронтекс". Само основната задача на "Тритон" е да ги чува морските граници на Европа, а не да ги спасува бегалците. Периметарот на нејзината акција е исто така повеќе ограничен од овој на "Маре нострум". А тоа значи дека смртта на стотици бегалци се прифаќа како нешто неизбежно!

Доста официјални лицемери!

По новата ужасна трагедија во Средоземното Море не сакаме да ги слушаме повеќе постојаните сочувства како млаз на европските политичари! Кој не сака да учествува во мисиите како "Маре нострум", бидејќи тие му се гледаат премногу скапи, би требало да е барем малку искрен и да признае дека животот на бегалците од Еритреја, Етиопија и Сирија не чини ништо за него. Колку цинична беше дискусијата за "Маре нострум", покажува еден поглед кон официјалните статистики. Со 50 милијарди евра годишно ЕУ ги субвенционира своите фармери - што значи дека дневно датираат земјоделски фарми со многу повеќе пари отколку што би ја чинело за цела една година одржувањето на мисијата "Маре нострум".

Право на азил во сиромаштија

Можните барања кон една нова миграциона политика на ЕУ всушност одамна се јасни: Прво - во краткорочна перспектива - спасувачките акции треба да го опфаќаат целиот Медитеран и да се финансираат од сите земји-членки на ЕУ. Италија не смее, како во случајот со "Маре нострум", може да биде принудена да се справи со сопствени сили.

Второ - во среднорочна перспектива - европската имиграциска политика треба да биде реформирана. Заедно со правото на азил заради прогон и во заштита на бегалци од региони на воени конфликти, како Сирија, треба да се признава и правото на азил во сиромаштија. Европа со години е де факто континент на новодојдените. Во многу земји населението старее и овие земји и во иднина ќе имаат потреба од прилив на мигранти поради недостиг на работна сила. Определувањето на квоти и воведувањето на систем на бодување би ја олеснило и направило транспарентна миграцијата, а со тоа би де ограничила нелегалниот бизнис на шверцерите на дрога во Средоземното Море.

И трето - во долгорочна перспектива - ЕУ треба да посвети поголемо внимание на причините за миграцијата. Ако со евентуална воена интервенција си подготвен, да речеме, да ги разбиеш државните структури во Либија поради преселувањето на христијани на Блискиот Исток, не можеш потоа едноставно да се повлечеш и гледаш како земјата тоне во хаос. ЕУ треба да ги потврди повеќе енергично и поконзистентно почитувањето на човековите права. Ова се однесува на пример и до Еритреја, чиј диктаторски режим ЕУ и неговите членови, вклучувајќи ги Германија, првично дури ги поддржуваа со помош за развој.

Време е за акција. Доста веќе бајки и лицемерен плач!

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави